Што да правите кога вашето дете одбива да јаде зеленчук?

Неретко децата се пребирливи кога станува збор за зеленчук. Оброкот може да биде борба, но истражувањата покажуваат дека криењето на зеленчукот во храната не е најдобар начин да го научите детето на здрава исхрана. 

Koga vasheto dete odbiva da jade zelenchuk 01

Ако сте родител сигурно сте се обиделе да ја „маскирате“ брокулата со додавање на слатка намирница - некогаш успева, некогаш не, но во секој случај овој начин е погрешен пристап. Она што треба да се направи е да се изгради вкусот за зеленчук на детето што ќе трае за цел живот.

Вклучете го детето во подготвувањето на храната

Истражувањата покажуваат дека децата кои се вклучени во подготовката на оброкот повеќе јадат зеленчук и здрава храна. Плус, мерењето на состојките може да помогне за вежба на математичките вештини.

Доведете ги децата во кујната и дајте им шанса да ви помогнат колку што е можно повеќе, а задачите нека бидат соодветни за возраста. Помалите деца ќе уживаат во кинење зелена салата, мешање на состојки и поставување на масата.

Пазарете заедно

Одлична идеја е да го вклучите детето и во пазарувањето. Појдете заедно на пазар или во продавница за здрава храна - тоа се места каде има избор на здрави намирници и може да бидете сигурни дека ништо нема да тргне наопаку.

Дозволете му на детето да одбере, објаснувајќи му дека што ќе одбере, тоа ќе треба да го приготви и да го изеде. Ќе му овозможите на детето да се чувствува како да ја има контролата во свои раце и ќе биде возбудено да проба од намирниците што ги одбрало.

Бојата е важна

Истражувањата покажуваат дека децата уживаат повеќе во визуелно привлечно јадења, па затоа вашиот избор нека биде колку што е можно пошарен. Морков, цвекло, домати, боранија, боровинки - природата ни дала прекрасни плодови што може да изгледаат многу примамливо за децата кои не се големи љубители на храна.

Обидувајте се постојано

Вашето дете не сака да помириса карфиол?! Послужете го повторно. Повторно не попушта? Пригответе го уште еднаш. На децата им требаат 10 до 15 проби за да развијат вкус за одредена храна, па единственото што ќе ви помогне во оваа ситуација е многу, многу трпение.

Внесете мултивитамини како додаток во исхраната

Мора да нагласиме дека за овој чекор ви е потребна консултација со педијатар - не земајте ништо на своја рака. Мултивитамините не се замена за оброк, но сепак се важни како додаток во исхраната. Со помош на вашиот лекар ќе го одберете најдоброто за вашето дете.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg