Што да правите кога детето се плаши од темница?
Дали вашето дете се плаши од темница? За ова можат да постојат многу причини. Децата поради своето неискуство имаат многу бујна имагинација, поради што можат да почнат да се плашат од темница и други работи поврзани со темнината. Ова се неколку совети кои можете да ги пробате доколку вашето дете се плаши од темница.
Постојат неколку едноставни чекори кои можете да ги направите за да му помогнете на вашето дете да се чувствува пријатно кога ќе дојде време за спиење.
1. Прошетајте заедно низ собата, држејќи се за рака. Проверете го секој агол од собата, погледнете под креветот, во ормарот, зад елементите во собата и слично. Со ова ќе му покажете на детето дека нема “чудовишта“ во собата и дека нема од што да се плаши.
2. Оставете ја вратата од вашата спална соба отворена, како и од детската соба. Така детето нема да се чувствува само или затворено.
3. Затворете ја вратата на ормарите и слично во детската соба. Ќе се почувствува пријатно.
4. Ставете ноќна ламба во детската соба. Ќе им биде полесно да заспијат при слаба осветленост.
5. Во некои случаи, дајте им играчка за спиење. На овој начин ќе се чувствуваат побезбедно, знаејќи дека не се сами, дека имаат близок пријател до себе.
6. Понекогаш помага и малку топло млеко пред спиење.
7. Во некои случаи, релаксирачка, лесна музика или приказна ќе му помогне на детето да заспие.
Постојат различни стратегии со кои можете да им помогнете на децата да го надминат стравот од темнината. Ова се само некои од идеите со кои можете да им помогнете да спијат мирно, без страв.
Ашера | Црнобело