Што ако вашето дете исчезне? Упатство како да реагирате
Исчезнување на луѓе се случува и тоа не само некаде далеку, туку и тука кај нас. За жал, тоа може да му се случи на секое семејство.
Што ако детето ви исчезне, што да направите?
- Почнете да барате веднаш, дури иако полицијата не ве сфаќа сериозно или ви вели дека мора да чекате 24 часа. Запишете регистрации, зборувајте со луѓе околу вас, со вработени од локалот во близина итн.
- Ако не се врати дома и не можете да го добиете на мобилен телефон, слободно кренете ги сите на нозе.
- Пронајдете најнова фотографија од него.
- Сетете се каква облека точно носеше пред исчезнувањето.
- Доколку има мобилен телефон, побарајте налог за да се следат повиците направени од него и да се открие локацијата на телефонот.
- Ако исчезне тинејџер, проверете го неговиот компјутер, социјални мрежи, мејлови сè. Проверете и дали ви недостигаат пари.
- При пријавата во полиција кажете за хобито на вашето дете, неговите интереси, дали имало чудно однесување во последно време.
- Проверете кај сите пријатели и роднини и на местата на кои сте оделе заедно.
- Некој нека седи дома, а некој нека ја проверува секојдневната рута на движење на детето.
- Kaжете им на сите што се случило и не ги кријте деталите.
С. С. | Црнобело