Менталната подготовка на децата е најважната домашна задача на родителите

Нема што не би направиле за доброто на нашите деца. Внимаваме со што ги храниме, од каде доаѓа храната со која ги храниме и како ја подготвуваме истата. Контролираме која активност колку време ќе добие во текот на денот и сето тоа во обид да создадеме и одржиме среќно и здраво семејство.

Mentalnata podgotovka na decata e najvazhnata domashna zadacha na roditelite 01

Според Тања Џонсон, советник за деца и семејства, најраните години од животот на детето влијаат врз развојот на неговиот мозок, како тоа одговара на стрес и неговата способност да оформи стабилна врска.

Физичкиот аспект е значаен за добрата состојба на нашите деца, но нивното ментално здравје е тоа што е суштинско за нивното општо здравје.

За жал, менталните заболувања опфаќаат едно од седум деца и тинејџери, и додека раното препознавање на симптомите е важно, создавањето цврсти и отпорни ментални темели уште од раѓање е уште поважно.

0-12 месеци

Во оваа фаза од животот детето се приврзува. Основата на менталното здравје се поставува преку вашето набљудување на барањата на детето. Тоа не смее да биде совладано од премногу внимание, ниту пак да се чувствува несигурно од недоволна интеракција.

Контактот со очите и допирот создава силна врска и длабока приврзаност. Користете фацијални експресии и говор на телото за да комуницирате со детето. Бидете смирени и тешете го кога е вознемирено за да создадете чувство на сигурност.

Задоволете ги неговите потреби без оглед на тоа дали му треба храна, љубов или охрабрување. Златното правило вели да се задоволи потребата на детето во моментот кога таа ќе се појави - така му помагате да се поврзе со сопсвеното тело.

1-3 години

Оваа фаза е истражувачка, а детето доживува интензивни емоции. Уважувањето и предвидливоста се основни елементи за силна ментална основа.

Имајте трпение и често давајте му позитивен фидбек. Имајте постојани реакции на едно исто однесување и создадете безбедна средина за живеење. Научете го детето дека вие сте личноста која го штити при неговото истражување на светот и домот.

На оваа возраст децата веќе чувствуваат се и имаат потреба да го искажат тоа. Менталната потпора што ќе му ја пружите детето во оваа фаза ќе трае цел живот.

Отворено зборувајте за важни теми со детето. Учествувајте во неговите креативни активности како игра, музика, танц, уметност… Дозволете да се одвои од вас кога тоа е соодветно - независноста е клучен фактор за ментална снага а се добива преку уважување на неговите желби и обрнување внимание на неговите потреби.

Дополнително, помогнете му да ги регулира сопствените емоции.

Mentalnata podgotovka na decata e najvazhnata domashna zadacha na roditelite 02

6-12 години

Детето веќе поминува повеќе време без вас. Оформува пријателски врски и само тргнува во поход да го истражи светот. Помогнете му да го разбере светот и комуницирајте отворено за сѐ што го интересира. 

Поврзаноста со вас станува сѐ помалку физичка, но затоа од голема важност е емоционалната приврзаност. Уверете го детето дека сте тука за него и дека е безбедно дури и кога не сте заедно.

Одржувајте ги семејните традиции - така детето ќе се чувствува удобно во својот дом. Не го преоптоварувајте со активности.

13-18 години

Тинејџерите се посвесни за себе и може да се впуштат во ризично однесување. Поврзаноста е клучна, но и комплицирана бидејќи во оваа фаза децата се бунтуваат.

Одлучувајте со љубов и доверба, заборавете на стравот. Верувајте дека вашето дете е совесно и дека ќе научи доволно брзо. Отворајте различни теми и слушајте го што има да каже. Неотворените теми ќе ги смета за табу.

Не бидете престроги и нудете избор.На оваа возраст децата сами ги бираат своите пријатели и иако можеби пријателствата нема да бидат успешни секој пат, важно е вие да ги поддржувате.

Најблаго кажано, да се биде родител е тешко. И вам, како и на детето, ви е потребна поддршка, па разговорот со пријателите, наставниците и останатите личности присутни во животот на вашето дете може да ви отворат нови перспективи во воспитувањето.

A. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg