Родителите бесни поради илустрација во учебник по биологија: „Како да излегла од еротски филм“
Поради вакви работи девојчињата се научени дека се грозни и дека би требало да се срамат од своите тела, односно дека туѓата удобност е поважна од нивната сопствена.
Родителите од Велика Британија деновиве се подигнаа на нозе поради една навидум нормална илустрација од бремена жена.
Издавачот на учебникот по биологија беше нападнат поради интимната фризура, која родителите ја прогласија за срамно непотребна, а повеќе родители искоментираа дека „изгледа како да излегла од еротски филм.“
Постот од кој започна сè:
https://twitter.com/glaciuswhite23/status/1094341223102513158
И како изгледа целосната страна од учебникот:
Бесните родители сакаат учебникот од 2017-та година, по биологија, да се повлече од продажба, пред да им создаде погрешна слика на девојчињата.
М. Д. | Црнобело