За изморената мајка која се крие неколку минути за да се исплаче во бањата...
За мајката која е скриена во бањата, бидејќи ѝ се потребни неколку минути мир, додека од очите ѝ се лизгаат солзи по лицето.
За мајката која е толку изморена, што се чувствува како да не може да продолжи, и дека би се откажала од сè за само еден момент на тишина и мир.
За мајката која плаче во соба, бидејќи ги искарала децата за глупости, и сега се чувствува виновно.
За мајката која очајно се мачи додека носи тесни фармерки, само затоа што сака да изгледа убаво и ги носи за да се чувствува подобро.
За мајката која бара пица за ручек, бидејќи повторно не стигнала да направи јадење како што планирала.
За мајката која се чувствува осамено, дури и кога има некој покрај неа.
Ти вредиш многу.
Ти си важна.
Ти правиш доволно.
Ова е фаза, луда и предизвикувачка фаза за сите мајки. Но, на крајот, сè ќе се исплати и вреди.
Сега е тешко. Тешко на многу различни начини за секоја од нас.
Не зборуваме секогаш, но сите се бориме, не си сама.
Ти правиш доволно. Го даваш најдоброто од себе.
Тие малечки очи кои те гледаат мислат дека си совршена, тие мислат и дека си повеќе од совршена.
Тие малечки рачиња кои ја бараат твојата прегратка, тие мислат дека си најсилна и можеш да го освоиш светот.
Тие малечки усни кои јадат што ќе зготвиш, тие мислат дека си најдобра.
Тоа малечко срце кое го бара твоето, тоа не сака ништо освен тебе.
Бидејќи ти си доволна за него, ти си и повеќе од доволна, мајко.
Ти си прекрасна, неверојатна...
Извор / фото: depositphotos.com