7-годишното момче кое важи за „најбрзото дете во светот“
Рудолф има само 7 години, а откако истрча 100 метри за 13,5 секунди, беше прогласен за најбрзото дете во светот.
Видеото од спринтот го сподели на Инстаграм, откривајќи дека истрчал 60 метри за нешто повеќе од 8 секунди, а 100 метри за 13,48 секунди.
Рекордот го држи во категорија за дечиња под 8 години, а неговиот татко имаше горда изјава на тоа:
„Горд сум да кажам дека мојот син е најбрзото 7-годишно дете во светот. Сите часови поминати во напорни тренинзи се исплатеа.“
Рудолф досега има добиено 36 медали, од кои 20 се златни.
Неговиот татко и воедно тренер, продолжува да се бори, еден ден Рудолф да стане најбрзиот човек во светот.
https://www.instagram.com/p/Bli_LlGh_YX/
https://www.instagram.com/p/Bi9r19cDhV8/
М. Д. | Црнобело