Како да ја поттикнете креативноста кај децата?
Првата пречка во развојот на креативноста кај вашите деца сте вие самите. Децата најлесно ќе ги спречите да бидат креативни доколку им го забранувате тоа. Не ги спречувајте да истражуваат. Ова се неколку начини на кои можете да ја поттикнете креативноста кај децата.
Дајте им го она што им е потребно
Помогнете им на децата со работите кои им требаат – купете материјали, алатки и сè што им е потребно за да ја остварат нивната креативност. Исто така, покажете им различни вештини за тие самите да откријат што најмногу ги интересира. Не ги ограничувајте премногу брзо - нека учествуваат во што е можно повеќе активности.
Нека ги креираат сопствените правила
Во поттикнувањето на децата не треба да претерувате барајќи од нив да читаат две книги неделно или сл. Тие треба да научат да го сакаат читањето и да чувствуваат возбуда при истражувањето на новите работи. Доколку им вршите притисок тие ќе го разберат тоа како обврска и ќе изгубат интерес.
Не дозволувајте да ги демотивира неуспехот
Ретко кога нешто ни успева од прва. Помогнете му на детето да учи од грешките. Учењето е долгорочен процес полн со обиди и неуспеси. Ова не треба да го демотивира.
Не вршите притисок врз децата
Не треба да бидете загрижени доколку не ги видите резултатите веднаш. Дајте им на децата доволно време да ги истражат работите кои ги интересираат. Ако почнете да создавате притисок, тие ќе изгубат интерес.
Типичен пример за ова е следен: Го запишавте детето на тенис, а тоа не сака да вежба и се откажува веднаш. Ова може да биде директна последица на притисокот на родителите врз детето, со цел детето да ги исполни нивните очекувања.
Немојте веднаш да претпоставувате дека детето повеќе нема да биде заинтересирано за некоја активност, ако во моментот не му е интересна. Вашата поддршка ќе им биде од најголема корист.
Ашера | Црнобело