Зошто една мајка одбива да ги вакцинира своите деца?
Една бремена мајка предизвика онлајн дебата, откако најстрого ја осуди вакцинацијата на децата и откри дека нејзините дечиња никогаш нема да примат вакцини.
Шанел Картрајт, која е мажена за австралиски рагби играч, цврсто стои на своето уверување дека вакцините не помагаат.
20-годишната мајка вели дека таа и нејзиниот сопруг се вакцинирани, а сепак страдаат од авто-имуни болести и алергии, од кои опоравувањето им оди многу бавно и тешко.
„Се сеќавам дека Брајс беше многу заштитнички настроен кога за првпат ја спомнав темата за вакцинација и ми се налути само затоа што сум спомнала дека не треба да ги вакцинираме децата.
Потоа прочита неколку упатства и неколку страници од книга на докторката Сузан Хампфрис и почна да гледа на вакцините од поинаков агол,“ раскажува мајката.
Младите родители велат дека со задоволство ќе ги подучуваат и школуваат децата дома, доколку училиштата не ги примат без потврда за примена вакцина.
Шанел и Брајс исто така одбираат да не користат бебешки пелени, бидејќи сметаат дека е неприродно.
„Исто како што мачката ја учите да врши нужда во кутија со песок или како што кучето го изнесувате надвор – исто така го учите и бебето, дека има одредено место за таа цел.“
Дел од родителите ја оправдаа, дел ја осудија одлуката на оваа мајка - во која група сте вие?
М. Д. | Црнобело