Здодевни фрази кои мајките ни ги повторувале и за кои сме ветиле дека ние нема да ги кажуваме
Се сеќавате ли на оние здодевни фрази кои мајките ни ги кажуваа на сите додека бевме помали?
Колку пати сте си кажале дека вие никогаш нема да им ги кажувате на вашите деца, бидејќи ви оделе на нерви?
Веројатно, оние кои сега веќе имаат деца, сфатиле дека всушност сите мајки се речиси исти, го сакаат најдоброто за своето дете и веројатно многу од фразите ги повториле, бидејќи всушност, најчесто се за нивно добро.
Но, сигурно има и такви кои цврсто си стојат на зборат и избегнуваат да ги кажуваат тие реченици кои знаат дека нив ги нервирале.
Сепак, она што е најважно да сфатиме е дека сите мајки кои ги повторувале истите реченици, го сакале само најдоброто за нас, иако во тие моменти, нам ни одело тоа на нерви.
Да се потсетиме на „најздодевните“ фрази од мајчинскиот вокабулар - имате ли да додадете некоја?
„Изеди го до крај, инаку ќе ти го ставам во врат.“
„Ништо не јадеш, знаеш ли колку деца има што немаат што да јадат, а ти пребираш?“
„Ништо не ти е, не се умира од тоа...“
„Не читај во темница, ќе ослепиш.“
„Кога јас бев на твои години...“
„Не го ставај тоа во уста, кој знае каде сè било.“
„Затоа што јас така кажав.“
„Мојот збор е последен.“
„Кога ќе си живееш сам/а, тогаш прави си што сакаш.“
„Додека си под мој кров, јас кажувам како ќе биде.“
„Парите не растат на дрво.“
М. М. | Црнобело