Техники од спортистите што ќе ви помогнат при породувањето
Секоја жена што родила дете многу добро знае дека породувањето е многу потешко од било кој спорт од една едноставна причина – може да се откажете на сред спортски натпревар, но кога породилните болки ќе почнат нема враќање назад.
Нема ниту магично копче „стоп“ што ќе стави крај на нагонот за туркање, но спортот и породувањето сепак имаат нешто заедничко. Менталната стабилност, решителноста и физичката издржливост се клучни и во едната и во другата ситуација.
Токму затоа, постојат техники од спортската психологија што може да се искористат при породување – практични алатки што ќе ви помогнат полесно да ја постигнете целта.
Ослободете се од верувањата што не ви користат
Можеби се плашите од царски рез, воопшто од операции. Поработете на она што во спортската психологија се нарекува „ когнитивно реструктуирање“, односно прибирање факти покрај вашите ирационални верувања.
Многу е веројатно дека вашите стравови се неосновани, а тоа воопшто не ви помага. Разговарајте со блиски кои имале позивитно искуство со царскиот рез - така ќе си помогнете да сфатите дека може да не биде и толку страшно колку што изгледа и дека самата процедура не треба да ви ја поматува сликата за крајната цел.
Идентификувајте ги тешките фази
Обидете се да утврдите кој дел од породувањето ве вознемирува најмногу и како ќе „измедитирате“ низ истиот. Потребна ви е визуелизација што ќе ви ги оттргне мислите во најтешките моменти. Во услови на топло време, на пример, спортистите визуелизираат водопад и било што друго што може да им помогне да ги пребродат тешките моменти.
Најважното е да ја постигнете целта, да родите здраво бебе и да се чувствувате добро, затоа не заборавајте дека и тогаш кога мислите дека не можете понатаму, се ќе биде во ред.
Дефинирајте дејство што ќе го користите како рестарт копче
Како спортистите успеваат во тоа? Како се рефокусираат кога ќе се случи нешто неочекувано независно дали се работи за кошарка, ракомет или уметничко лизгање? Многу едноставно – вдишуваат длабоко и спроведуваат друго дејство бидејќи дејството ги поврзува умот и телото.
И при породувањето и во спортот, техниките на дишење и визуелизациите помагаат да се носите со ситуацијата. Останете присебни и искористете го времето помеѓу контракции, исто како што маратонците би ја искористиле удолнината за да се одморат при трчање.
Кружните движења со колковите им помагаат на некои жени, други се обидуваат да ја концентрираат целата болка во еден дел од телото – што и да ви одговара, најдете го вистинскиот начин да си олесните колку што е можно.
Породувањето е долг и исцрпувачки процес, но не заборавајте, имавте сила да ги износите своето малечко цели 9 месеци, повеќе од способни сте и да го донесете на свет.
А. Ш. | Црнобело