Правило на 4 подароци: Како да одберете што да подарите за да израснете благодарни деца?

Родителите секогаш го сакаат најдоброто за своите деца, но некогаш е паметно да размислите дали треба да им ја исполните баш секоја желба.

pravilo-na-4-podaroci-kako-da-odberete-shto-da-podarite-za-da-izrasnete-blagodarni-deca-01.jpg

Исполнувањето на сите желби не секогаш е начин децата да пораснат во среќни, свесни и благодарни индивидуи, а веројатно тоа е вашата цел.

Иако мислите дека купувањето на цела листа со подароци ќе го направи детето среќно, всушност, на децата не им треба многу, доколку го сфатите тоа навреме.

Доколку ги научите дека ќе им купувате сè и сешто, тоа може да резултира со негативен ефект – односно, наместо детето да прима подарок со нетрпение и емоција, тие ќе ги примаат како материјален објект, како да тоа не е ништо повеќе од добиено барање.

Затоа, добро е да се држите до некои принципи, како што е „правилото на 4 подароци“ за да израснете дете со чувство за благодарност и искрен интерес дури и за ситници.

Ова правило предизвикува позитивни чувства кај децата, како љубезност и благодарност, преку 4 уникатни подароци.

Секој од нив има симболика и допринесува за нивниот личен, ментален и физички развој.

Кои се тие подароци?

1. Подарок кој може да го користат

Независно дали е облека, чевли или други додатоци, важно е да му дадете на детето нешто што може да го носи. На тој начин ќе сфати важноста на тоа да се има нешто да се носи и ќе знаат дека облеката која ја носат е подарок специјално одбран за некоја пригода, што е позитивен стимул, кој предизвикува чувство на емпатија.

pravilo-na-4-podaroci-kako-da-odberete-shto-da-podarite-za-da-izrasnete-blagodarni-deca-02.jpg

2. Книга

Читањето стимулира интерес за знаење и љубопитност кај децата. Секогаш е добро да им подарите по некоја книга на децата, која ќе го привлечен нивното внимание, ќе ги натера да го развиваат интелектот, да сакаат да истражуваат и да учат нови работи. Тие ќе читаат додека има некој кој ќе ги води низ тоа, ретко кога сами ќе побараат.

pravilo-na-4-podaroci-kako-da-odberete-shto-da-podarite-za-da-izrasnete-blagodarni-deca-03.jpg

3. Подарок кој навистина го сакаат

За да ги задоволите емоционалните потреби на децата, важно е и да им дадете еден подарок од листата на желби, оној кој најмногу го посакуваат и знаете дека ќе ги израдува.

Со тоа, ќе го научите дека го добива тоа што го сака, но дека мора да има трпение и толеранција за остварување на другите желби.

Исто така, подобро е да им подарите нешто мало што навистина моментално ќе ги израдува, отколку нешто што воопшто нема да предизвика емоции, но е „вистински подарок“.

pravilo-na-4-podaroci-kako-da-odberete-shto-da-podarite-za-da-izrasnete-blagodarni-deca-04.jpg

4. Нешто што навистина им треба

Децата не разликуваат кога нешто е важно, а кога е неопходно, па со тоа што ќе им давате нешто што навистина им треба, ќе им помогнете да стекнат чувство за одговорност.

Всушност, тоа дури може да биде и нешто што не е предмет, како одење на омилениот цртан филм во кино, посета на забавен парк, време поминато со нив доколку тоа им недостасува и слично.

pravilo-na-4-podaroci-kako-da-odberete-shto-da-podarite-za-da-izrasnete-blagodarni-deca-05.jpg

Која е целта на ова?

Некои деца добиваат повеќе подароци од она што всушност им е потребно и повеќето од нив не ги ни користат, туку само се трупаат во купови.

Тоа го намалува нивниот интерес и емоција, бидејќи знаат дека имаат многу работи, а тоа може да резултира и со проблеми со анксиозност и стрес, што е тотално непотребно.

Затоа, слушајте ги децата, гледајте ги нивните потреби, интереси и активности, мислете на нивната возраст и нека не ве води цената, туку интуицијата.

pravilo-na-4-podaroci-kako-da-odberete-shto-da-podarite-za-da-izrasnete-blagodarni-deca-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg