„Првпат сум бремена, ве молам, престанете да ме заплашувате“

Бабини деветини, народни верувања и „на комшиката на тетка ми така ѝ се случи“ се само дел од приказните кои можат да ги извадат од памет жените кои се бремени првпат.

prvpat-sum-bremena-ve-molam-prestanete-da-me-zaplashuvate-01.jpg

Прочитајте ја оваа искрена исповед на една трудница и сите предизвици со кои се соочува во бременоста, само поради ваквите приказни.

„Беше приквечер, лето, кога со радост ги дочекав двете црти на тестот за бременост. Викав по мојот сопруг. Се обидувавме да зачнеме веќе извесно време и нашиот сон веќе почна да се остварува. Ноќта ја поминав со измешани емоции, збунета, плачев, но и ми беше прекрасно.

Она што не го знаев е дека во следните месеци, покрај сите тестови и прегледи, ќе треба да се борам и со теориите и приказните на моите најблиски.

Привичните симптоми ми беа како и во секоја бременост, но моите пријателки и роднини веќе почнаа со своите приказни, до степен што се плашев од самата себе.

'Твоето тело веќе нема да биде исто','Можеби ќе треба да направиш липосукција после породувањето', 'Зарем не ти пречи овој мирис?'...

Кога дознавме дека ќе добиеме девојче, го објавивме тоа на социјалните мрежи. Добивме многу честитки и поддршка, но и: 'Пази се, девојчињата ја крадат убавината на мајките', 'Чувај го сопругот, татковците се приврзуваат за ќерќите многу'...

Секоја нотификација, наместо радост, ми предизвикуваше превртување на очите. Сите сакаа да го споделат своето искуство со скриениот шеќер, со дупките на плацентата, крварењата во текот на поодминатите месеци, прееклампсијата и автоимуните болести кои ги стекнале по породувањето.

Станав навистина параноична, а сите околу мене пак, станаа експерти во областа на гинекологијата и акушерството. Имаше приказни за неефикасна епидурална, за заглавување на бебе во родилниот канал, за неуспешни доења, за постпородилна депресија... Секој се чувствуваше повикан да коментира, особено во периодот кога мојата бременост стана видлива.

А тогаш, почнаа и моите мисли да ме предаваат. Што ако немам млеко? Што ако папочната врвца ја загуши при породувањето? Во текот на бременоста се случуваат и непријатни моменти, но секое тело е различно. Сепак, теророт ме загуши.

Сега, кога сум при крајот со бременоста, размислувам за сите оние мајки кои ги слушаат овие совети и приказни. Па, тоа е ужасно. Тоа е чист страв во коски.

Би сакала да ви порачам на сите - кога ќе дознаете дека некоја жена е бремена, задржете се само на честитките. Особено ако е првпат. Таа е толку исплашена и несигурна, а вашите хорори сигурно не ѝ помагаат, ниту олеснуваат.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg