Сите непосакувани работи кои се случуваат ако детето поминува многу време на телефон или таблет
Влијае на квалитетот на сонот
Децата кои се зависни од електронски уреди, многу често се случува да си кратат од времето за спиење, за да седат подолго на телефон или таблет, а тоа може да резултира со лош перформанс на училиште, лошо однесување и лоша концентрација и когнитивни способности.
Влијае на дебелеење
Ако детето поминува многу време на телефон, таблет или пред телевизор, нема многу време за физички активности, ниту пак е заинтересирано за нешто такво.
Исто така, зголеменото користење на уреди со екран, е поврзано со консумирање на барем неколку калорични намирници.
Предизвикува проблеми со однесувањето
Предолго поминатото време пред екран предизвикува симптоми на дефицит на концентрација или хиперактивност.
Ги прави децата несреќни
Онлајн поврзаноста не може да ја замени интеракцијата од реалниот живот со семејството и пријателите, посебно за децата, бидејќи тие не секогаш го разбираат тоа.
Потребни им се поинакви активности во слободното време кои ќе им создадат спомените од детството за едно убаво и среќно време.
М. М. | Црнобело