Сите непосакувани работи кои се случуваат ако детето поминува многу време на телефон или таблет

Во последно време, иако има исклучоци, сепак на повеќето млади родители им е полесно да им дадат телефон на децата, наместо да им посветат дел од своето драгоцено време.

site-neposakuvani-raboti-koi-mozhe-da-se-sluchat-ako-deteto-pominuva-mnogu-vreme-na-telefon-ili-tablet-01.jpg

Кога детето плаче, му даваат телефон, кога на детето му е здодевно, му даваат телефон, кога детето треба да се натера да јаде му даваат телефон и кога треба родителите малку да одморат, на детето му даваат телефон или таблет.

Електронските уреди во денешно време играат голема улога во животот на децата уште од најмали нозе и тие поминуваат многу голем период од денот пред екран.

Сепак, и покрај тоа што родителите се свесни дека има последици од тоа, се обидуваат да ги игнорираат, бидејќи спасот го гледаат токму во овие уреди.

Но, со кои проблеми може да се соочи детето заради оваа навика на родителите?

Влијае на процесот на созревање

Ако децата во минатото мислеа дека е кул да се биде возрасен, децата кои повеќе време поминуваат на телефони, нема да бидат заинтересирани за активности за возрасни како одење на љубовни состаноци, работа, независен живот, возење и слично.

site-neposakuvani-raboti-koi-mozhe-da-se-sluchat-ako-deteto-pominuva-mnogu-vreme-na-telefon-ili-tablet-03.jpg

Влијае лошо на социјалните вештини за поврзување

Децата кои се опседнати со електронски уреди, ретко сакаат да го напуштат домот за да одат да се дружат со други деца, бидејќи тоа им е достапно на неколку кликови.

Сепак, кога ќе се соочат со реалниот свет, може да искусат многу тешкотии при социјализација.

site-neposakuvani-raboti-koi-mozhe-da-se-sluchat-ako-deteto-pominuva-mnogu-vreme-na-telefon-ili-tablet-04.jpg

Може да ја уништи родител-дете врската

Врската помеѓу родителите и децата е многу важна, а ако вие не им обрнувате внимание и не ги занимавате кога им е здодевно, туку им давате телефон, тие ќе развијат посилна врска со телефонот и потоа нема да ви обрнуваат внимание.

site-neposakuvani-raboti-koi-mozhe-da-se-sluchat-ako-deteto-pominuva-mnogu-vreme-na-telefon-ili-tablet-02.jpg

Предизвикува депресија и анксиозност

 Децата не се доволно способни да ги разберат границите помеѓу вистинскиот живот и оној на социјалните медиуми, па ако од многу мали почнат да живеат во тој свет, може да им се развијат притисоци дека нешто треба да изгледа онака како што гледаат на интернет, а тоа да влијае на менталното здравје.

site-neposakuvani-raboti-koi-mozhe-da-se-sluchat-ako-deteto-pominuva-mnogu-vreme-na-telefon-ili-tablet-05.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg