Кога решаваш да си мајка - решаваш дека повеќе ниту кафе нема да можеш да испиеш на раат
Ако на мајката ѝ дадеш еден мафин, ќе сака и шолја кафе со него.
И ќе си направи кафе.
Но, нејзиното 3-годишно детенце ќе дојде и ќе го истури кафето.
Мајката ќе го исчисти.
Додека го брише подот, ќе најде валкани чорапи.
Ќе се сети дека има еден куп облека за перење.
Кога ќе ја стави облеката во машина за перење, ќе се сопне од една патика и ќе се удри во замрзнувачот.
Ударот во замрзнувачот ќе ја потсети дека треба да испланира вечера.
Ќе извади од спакуваното мелено месо.
Ќе пребара онлајн: Како да направам 101 работа само со мелено месо.
Попатно, ќе открие еден тон непрочитани мејлови.
Ќе ја види сметката за телефон, чиј краен рок е утре.
Ќе ја земе картичката.
Картичката ѝ е во чантата, која е турната на земја, бидејќи 2-годишното детенце решило да си поигра со неа.
Нешто ќе ѝ замириса чудно.
Ќе го пресоблече 2-годишното дете.
Додека го пресоблекува, телефонот ќе заѕвони.
Нејзиното 5-годишно дете ќе крене и ќе спушти.
Мајката ќе се сети дека требаше да ѝ се јави на пријателката да дојде на едно кафе.
Мислејќи на кафе, ќе се сети дека пред неколку минути си направи, но детето го истури.
Ќе си направи ново кафе.
А шансите се големи, дека додека таа си го прави кафето, мафинот кој првично седна да го касне - веќе го нема, бидејќи децата го изеле во меѓувреме.
М. Д. | Црнобело