Мајчинството нема цена: Кирстен Данст одби 10 милиони долари за да ослаби поради улога
Глумицата одлучила да не помине преку своите принципи и максимално да ужива во родителството.
Кирстен Данст пред осум месеци стана мајка. 36-годишната актерка и нејзиниот 30-годишен сопруг, глумецот Џес Племонс, синот го крстија Енис. Сето време досега се трудат да ги совладаат новите родителски должности.
Од друга страна, таа продолжува да работи и присуствува на разни настани. Меѓутоа, после раѓањето на детето, ѕвездата ги има променето личните принципи, за што говори и нејзиниот последен потег.
По долг период, за првпат одби улога во продолжението на филмот „Bring It On “, иако ѝ бил понуден надомест од 10 милиони американски долари. Условот бил да го изгуби вишокот килограми што ги стекнала во текот на бременоста.
Според блиски извори, Данст не сака одново да се измачува себеси со диети и вежби, а притоа да ја запостави грижата за синот: „Кирстен уште нема намалено тежина и не се брза да го направи тоа. Сега ужива во мирниот живот и нејзината единствена улога е мајчинската.“
М. А. | Црнобело