Првите зборови кои мајките му ги кажале на бебето по породувањето
Раѓањето на детето спаѓа во најинтензивните, најмагични и најемотивни моменти во животот на жената, а повеќето мајки засекогаш ќе ги паметат првите зборови кои ги упатиле кон своето бебе.
Додека некои се заблагодаруваат затоа што се здрави, други се извинуваат за неконтролираните реакции во текот на породувањето.
Мајки, кои беа вашите први зборови? Се сеќавате?
Овие мајки да, и решија да ги споделат со јавноста:
„Успеавме, бебе!“
„Вредеше што толку долго те чекав.“
„Ова беше грозно!“
„Ох, девојче си, навистина!“
„Не ми се верува дека е готово. Не ми се верува дека е готово!“
„Изморена сум. Дали бебето е претешко или јас сум преслаба?“
„Извини што ти бев лута, но морав да те чекам дополнителни 13 часа за да се запознаеме.“
„Здраво, малечко мое девојче.“
„Фала ти Господе што е надвор!“
„Следен пат одам на царски рез.“
„Извини што пцуев без престан...“
„Цела вечност чекав да те видам како изгледаш.“
„Ох, ова болеше.“
„Едвај чекам да родам уште едно!“
М. Д. | Црнобело