„Страв ми беше дека второто дете нема да си го сакам колку првото“

„Првото дете за мене беше специјално, мојата Дарси ми беше посебна, и додека бев бремена со второто не чувствував некоја голема љубов и возбуда...“, открива една мајка.

strav-mi-beshe-deka-vtoroto-dete-nema-da-si-go-sakam-kolku-prvoto-01.jpg

Британската блогерка Луис Пентланд, која има две деца, сподели фотографија од неа кога е бремена со второто дете и со нејзината прва ќерка до неа.

Таа откри какви внатрешни битки водела во тој период. Отворено проговори дека се чувствувала многу анксиозно затоа што сметала дека нема да може да го сака нејзиното второ дете Прл, на истиот начин како што го сака нејзиното прво Дарси, за која сметала дека е навистина специјална за неа.

strav-mi-beshe-deka-vtoroto-dete-nema-da-si-go-sakam-kolku-prvoto-04.jpg

Луис открива: „Во тој период не сакав да говорам многу за тоа затоа што од бремените жени по автоматизам се очекува да бидат полни со љубов кон бебето што расте во нивниот стомак и ми беше страв. Дали и некој друг се чувствува така?“

strav-mi-beshe-deka-vtoroto-dete-nema-da-si-go-sakam-kolku-prvoto-02.jpg

Таа порачува дека сфатила дека е во ред да се чувствувате чудно и исплашено дали ќе бидете доволно добри мајки, но и дека срцето ненадејно ќе ве изненади. Дека срцето не се дели на две кога ќе добиете второ дете, туку расте дупло.

strav-mi-beshe-deka-vtoroto-dete-nema-da-si-go-sakam-kolku-prvoto-03.jpg

Во ред е јавно да говорите за своите стравови, е пораката на Луис. Во таквите мигови најважна е поддршката и охрабрувањето од другите.

Многу мајки беа воодушевени од нејзиниот потег и ги раскажаа своите приказни во коментари.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg