5 причини зошто плачењето е добро за вашето дете
Плачењето го ослободува вашето дете од потиснатите емоции и тоа е добро за него. Не судете му веднаш.
Сигурно ве фаќаат кризи кога вашето дете не сопира со плачење, но дали знаете дека плачењето му носи придобивки?
Откако ќе го прочитате ова, наредниот пат кога тоа без прекин ќе лее солзи ќе бидете нијанса посмирени.
Зошто плачењето е добро за вашето дете:
Тоа е процес на учење да се справува со разочарувачки ситуации
Кога ќе добие „не“ и ќе му се постават цврсти граници, тоа ќе плаче, но во животот не го добиваме секогаш тоа што го сакаме, па подобро е да научи порано.
Се чувствува доволно безбедно за да ги сподели своите емоции со вас
Бес, страв, фрустрација, убаво е да се исплаче, така тие емоции полесно ќе исчезнат. Бидете му рамо за плачење, доверба и сигурност.
Со плачењето се ослободува од стресот
Дури и возрасните знаат дека плачењето помага при ослободувањето од стресот, напнатоста и анксиозноста. На овој начин си заминуваат хормоните на стрес од вашето дете.
Инаку, потиснатите емоции може да доведат до проблеми со спиењето.
Вашето дете може да „ужива“ во плачењето без да биде осудено
Како старееме, така чувствуваме поголем притисок да ги држиме емоциите внатре во себе. Ги потиснуваме затоа што поради емоционалните кризи ќе бидеме осудени од општеството.
Вашето дете додека е мало може ова да го прави слободно.
Плачењето го подобрува процесот на учење
Децата се среќаваат со проблеми со кои не се соочиле никогаш претходно, не знаат како да ги решат, па фрустрацијата ја изразуваат преку солзи.
Ова е добро затоа што ги ослободува од негативните емоции и ги враќа во нормална состојба во која може да бараат решение за проблемот.
С. С. | Црнобело