Зошто мајка минала 2 години без да им купи нешто ново на децата?
Кејти сфатила дека огледувањето на 3 мали деца е прескапо и дека постојано се фрлаат работи кои се речиси нови, па направила драстична промена.
Кејти Масгрејв (34) донела одлука и успеала да мине цели 2 години без да купи ништо ново за себе и своите деца.
Одлуката ја донела затоа што ѝ здодеало од едвај користена опрема, облека и играчки кои само се трупале во нејзиниот дом. Таа си забранила на нејзините 3 деца да им купува нешто друго освен храна, пелени и козметика.
Единствен исклучок направила само кога им купила чевли на своите ќерки.
Кејти дури и подароците за пријателите ги правела од работи кои ги има дома или одредувала сосема скромен буџет за тоа.
Таа вели дека заштедила многу пари со тоа што некои пријатели или добротворни организации ѝ давале едвај користени работи.
Сфатила дека да се одгледуваат 3 мали деца е навистина скапо, па дури го лансирала проектот „One Baby Owner“, каде родителите ќе може да ги препродаваат работите од своите деца и да купат од други родители нешто што ми е потребно.
С. С. | Црнобело