Правила по кои треба да се водите кога го казнувате детето за да не го обесхрабрите и омаловажите

Сите родители мислат дека тие правилно го воспитуваат детето, но секој секогаш прави по некоја грешка.

pravila-po-koi-treba-da-se-vodite-koga-go-kaznuvate-deteto-za-da-ne-go-obeshrabrite-i-omalovazhite-01.jpg

Она што е најважно, е грешките да не се одразуваат со сериозни последици врз детето, како што некогаш казните може да влијаат врз самодовербата.

Во ред е некогаш да го искарате детето, да му покажете дека греши и можеби да го казните (не физички), но треба да бидете внимателни при изборот на казна, како и начинот на кој го правите тоа.

Верувајте, не сакате да создадете комплекси и чувство на безвредност кај детето заради некоја мала ситница која можела да се поправи и на друг начин.

Правила по кои треба да се водите кога е неопходно „казнувањето“:

Не ги казнувајте делата кои не биле со лоша намера

Најчесто децата не ги понесува желбата да наштетат и направат нешто лошо, туку инстинктот за љубопитност и нови откритија.

Во тој случај, поддржете ги или со убаво објаснете им што не е во ред за самите полесно да разберат каде грешат, наместо да викате и да ги казнувате, бидејќи во иднина нема да бидат способни да носат сами никакви одлуки.

pravila-po-koi-treba-da-se-vodite-koga-go-kaznuvate-deteto-za-da-ne-go-obeshrabrite-i-omalovazhite-02.jpg

Казнувајте ги смирено, без емоции

Ако детето не сака да послуша нешто, многу родители веднаш избувнуваат и покажуваат гнев и лутина, но не дозволувајте заради вашите превисоки очекувања, детето во иднина да има проблеми и да се плашат дека не се прифатени од општеството заради траумите од вашите испади.

pravila-po-koi-treba-da-se-vodite-koga-go-kaznuvate-deteto-za-da-ne-go-obeshrabrite-i-omalovazhite-03.jpg

Јавното казнување е недозволено

Јавното карање и казнување на детето создава чувство на срам кај него и често гнев кон родителите.

Децата кои ги караат во јавност, постојано се чувствуваат засрамени и чекаат мислење и одобрување од другите, па психолозите советуваат дури и да не се користат фрази како „што ќе речат другите“ и слично.

pravila-po-koi-treba-da-se-vodite-koga-go-kaznuvate-deteto-za-da-ne-go-obeshrabrite-i-omalovazhite-4.jpg

Ако не се знае виновникот, казнете ги сите

Ако не знаете кој од двете (или повеќе) деца направил нешто што не треба, а ниту едно не признава, тогаш не треба да погодувате и неправедно да казнувате некој што не бил виновен, или пак доколку сите биле виновни, едниот да се „спаси“.

pravila-po-koi-treba-da-se-vodite-koga-go-kaznuvate-deteto-za-da-ne-go-obeshrabrite-i-omalovazhite-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
8 работи кои може да ги правите со вашите деца додека патувате, а немате интернет Игри кои се одлични за збогатување на вокабуларот на детето и го развиваат чувст...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
9 типа на однесување на родителите, што им се враќаат како бумеранг (низ илустрации) Ги издавате тајните на детето пред сите или го карате кога ќе ви се довери. Му в...
Како да одберете квалитетна детска облека која ќе трае цела школска година? Квалитетните обувки се особено важни за децата во развој, па за нив вреди да дад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg