Карактеристики на генијалец кои родителите не ги препознаваат кај своите деца
Проценувањето на менталните способности на детето е многу важно и најчесто се изведува преку низа тестови.
Но, постојат и многу јасни знаци и карактеристики кои укажуваат на тоа дека вашето дете го очекува добра иднина.
Многу пати родителите не успеваат да ги препознаат овие знаци, кои се кријат во обични навики или активности, но всушност можат да прераснат во голем талент.
Следниве знаци, карактеристики и способности на детето покажуваат дека тоа може да прерасне во генијалец:
Црта, пишува, визуелизира
Надарените деца се колекционери на информации, тие имаат сеќавање за сè што виделе.
Ако по посета на ново место, детето е способно да го нацрта истото што го видел, значи дека има фотографска меморија, што е многу ретко кај децата, а оваа карактеристика ја имале Леонардо да Винчи и Галилео.
Фантазира и лета во облаци
Паметните деца најчесто се зафатени со сопствените мисли и не ги слушаат многу родителите, туку сами си измислуваат приказни.
Оваа фантазија може да ги шокира родителите и наставниците, но тоа не значи дека тие се лажговци, туку имаат многу богата имагинација, што е знак на висока интелигенција.
Надарените деца најчесто се досадуваат на часовите, па се занимаваат на поинтересен начин, а целта на родителите не треба да биде разочарување, туку да ги натераат да сфатат дека училиштето е исто така важно.
Брзо зборување
Брзото зборување укажува на одлични ментални способности, посебно кај малите деца кои успеваат на 2 години да почнат течно да кажуваат цели реченици.
Поминува многу време со возрасни
Идните генијалци уште од најмали нозе не пропуштаат шанса да разговараат со постари луѓе, па често и се дружат со деца малку повозрасни од нив.
Покажуваат активност
Децата кои имаат предиспозиции да станат генијалци се многу активни во секоја фаза од животот, брзо почнуваат да зборуваат и да одат, а порано почнуваат и да читаат и пишуваат независно.
М. М. | Црнобело