Ако јадете сладолед во бременост, бебето ќе настине - Најчудните совети што бабите им ги даваат на младите мајки

Нашите баби, благодарение на нивното искуство, се полни со информации и секогаш имаат што да советуваат, независно за која тема станува збор.

najchudnite-soveti-shto-babite-im-gi-davaat-na-mladite-majki-kolku-treba-da-gi-slushame-01.jpg

Нивното искуство многу често помага да избегнете многу грешки, но понекогаш знаат и да претераат со мешањето на секоја тема.

Па така, за одредени работи, посебно кога станува збор за родителството, тие знаат да дадат и чудни препораки и совети, кои не секогаш треба да се следат.

Иако младите мајки можеби се неискусни, сепак, тие се родители и тие треба да проценат колку е логично да направат нешто или не.

Во продолжение, погледнете ги илустрирано најчудните совети кои бабите им ги даваат на младите мајки – дали треба да ги слушаме?

Не треба да го бакнувате бебето, бидејќи устата има бактерии

Докторите и психолозите водат постојани битки околу ова прашање, бидејќи едни тврдат дека оралните заболувања се пренесуваат преку бакнеж, а други се противат.

Но, многу мајки сфаќаат дека на бебето им  е потребна љубов, а бакнежот и прегратката е најдобар начин да се искаже, па ги игнорираат сите.

najchudnite-soveti-shto-babite-im-gi-davaat-na-mladite-majki-kolku-treba-da-gi-slushame-02.jpg

Не треба да купувате играчки додека детето не побара

Иако не треба да се претерува со секакви и премногу играчки додека детето е мало и не разбира, сепак одредени играчки му се потребни на детето многу пред да почне да зборува, бидејќи помагаат за истражување на светот и учење на многу работи, па не е логично да чекате детето да каже дека сака играчки.

najchudnite-soveti-shto-babite-im-gi-davaat-na-mladite-majki-kolku-treba-da-gi-slushame-03.jpg

Ако јадете сладолед во бременоста, детето може да настине

Сладоледот, или било што ладно што јадете или пиете, не доаѓа директно до бебето, туку до него доаѓаат сами состојки како протеини, масти или јаглехидрати, а не топли или ладни јадења.

najchudnite-soveti-shto-babite-im-gi-davaat-na-mladite-majki-kolku-treba-da-gi-slushame-04.jpg

Не треба да го земате детето во раце кога плаче, за да не се навикне на тоа

Иако делумно има вистина, сепак не треба да го применувате ова секогаш, бидејќи најчесто, и бебињата имаат причина зошто плачат, а не можат да ја кажат, па затоа плачат, но во рацете на мајката, се чувствуваат заштитено и сигурно, па не треба да ги игнорирате.

najchudnite-soveti-shto-babite-im-gi-davaat-na-mladite-majki-kolku-treba-da-gi-slushame-05.jpg

Кога има сипаници, детето треба да ја носи облеката наопаку за помалку да го чеша телото

Како и да ја носи облеката, сипаниците предизвикуваат чешање, па подобро е да користите методи за намалување на чешањето како почесто бањање и слично, но не и наопаку облечена облека.

najchudnite-soveti-shto-babite-im-gi-davaat-na-mladite-majki-kolku-treba-da-gi-slushame-06.jpg

Пред секое доење, неопходно е темелно да се исчистат градите заради нечистотии

Честото миење на градите може да им наштети на мајката и на бебето – заштитниот слој со корисни бактерии може да биде измиен од кожата и детето да не ги прими преку млекото, а мајката ризикува пукнатини на кожата.

najchudnite-soveti-shto-babite-im-gi-davaat-na-mladite-majki-kolku-treba-da-gi-slushame-07.jpg

М. М. | Црнбело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg