„Фејсбук и Инстаграм, родив мртво новороденче, доста ме таргетирате со реклами за бебиња“

„Моја вина е, едноставно не успеав да одолеам на Инстаграм да ставам хаштагови #30weekspregnant, #babybump, но…“

fejsbuk-i-instagram-rodiv-mrtvo-novorodenche-dosta-me-targetirate-so-reklamite-za-bebinja-01.jpg

Новинарката од Washington Post Џилиан Брокел на социјалните мрежи објави писмо упатено до технолошките компании.

Таа вели дека по нејзиното онлајн присуство Фејсбук и Инстаграм сфатиле дека е бремена и ја бомбардирале со вакви реклами. Но, што сега кога родила мртво новороденче?

„Моја вина е, едноставно не успеав да одолеам на Инстаграм да ставам хаштагови #30weekspregnant, #babybump. Плус, на Фејсбук отворав страници на брендови за трудничка облека, на Гугл пребарував креветчиња и колички, па нивниот алгоритам ме идентификуваше и ме таргетираше како бремена жена, но како тој алгоритам не сфати дека го изгубив мојот син во ноември?

Зарем не видовте дека пребарував „baby not moving“, зарем не видовте дека по 3 дена молк објавив статус со зборови како „heartbroken“, „problem“ и „stillborn“ и дека под тоа имаше стотици тажни знакчиња од моите пријатели? Зарем тоа не е нешто што треба да го следите?“

fejsbuk-i-instagram-rodiv-mrtvo-novorodenche-dosta-me-targetirate-so-reklamite-za-bebinja-02.jpg

Брокел вели дека покрај сета болка што ја чувствува сега, таа треба да се справува и со напливот на емоции кога на социјалните мрежи постојано ѝ излегуваат реклами за бебешки работи.

„Таргетираните реклами доаѓаат до мене на истиот начин како што ќе беше ако моето бебе беше живо“, вели таа.

„Ве молам технолошки компании, ако бевте паметни доволно за да сфатите дека сум бремена, сега сфатете дека моето бебе умре и соодветно таргетирајте ме или не ме таргетирајте воопшто, ако е возможно.“

Нејзината објава се прошири вирално и илјадници луѓе ѝ изразија поддршка.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Уцена или добар потег: Мајка од Србија е хит на Инстаграм заради пораката што им ја оставила на деца... Дали е во ред на децата да им ја смените лозинката за интернет и да им ја дадете...
„Знаеш дека си мајка со мали деца кога повеќе ни во бањата не си сама“ Шест часа сон, дури и со повеќекратни прекини за хранење на новороденчето, изгле...
Омилениот татко на Инстаграм - чисти, готви и изгледа како грчки бог (фото) Има извајано тело и не го испушта бебето од раце, кој е таткото што ги освои срц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg