Родители споделуваат: Работи за кои жалат што потрошиле пари

Покрај сите убави страни на родителството, оваа задача носи и многу тешки предизвици.

roditeli-spodeluvaat-raboti-za-koi-zhalat-shto-potroshile-pari-01.jpg

Не е лесно да се издржи притисокот од општеството и обидувањето да бидете подобри од некого или да се покажете во најдобро светло некогаш оди во погрешна насока.

Од купување скапи колички за детето, до запишување во приватни училишта или трошење на огромни суми пари за облека, родителите некогаш прават непромислени одлуки.

Оние кои не поминале низ тоа, не можат да сфатат кои се тие непотребни трошоци, но откако ќе поминат низ сè, родителите сфаќаат дека за некои работи немало потреба да се трошат.

Но, сите имаат различни мислења околу тоа, па различни родители откриваат за кои трошоци тие најмногу жалат:

„Жалам што купувавме премногу бебешка облека, бидејќи бебињата растат многу брзо. За среќа, нас голем дел од облеката ни беше користена, па не потрошивме цело богатство.“

roditeli-spodeluvaat-raboti-za-koi-zhalat-shto-potroshile-pari021.jpg

„Синот го запишавме на многу часови однапред и знаеше да чита, пишува и брои уште пред да влезе во градинка. Помалата ќерка научи сè во градинка и сега е најдобра во училиште, па немојте да трошите пари на дополнителни часови однапред непотребно – има време за сè.“

roditeli-spodeluvaat-raboti-za-koi-zhalat-shto-potroshile-pari03.jpg

„Јас би рекол дека многу бебешки играчки се залудно трошење пари. Независно дали ќе ги купат родителите или се подарок, поголем дел од нив само стојат неискористени на куп, бидејќи децата си играат со само неколку омилени играчки, па нема потреба да се купува сè и сешто.“

roditeli-spodeluvaat-raboti-za-koi-zhalat-shto-potroshile-pari-04.jpg

„Со сопругата жалиме што му купивме на нашето 17-месечно дете костим за маскирање, бидејќи иако изгледа супер слатко, тотално е неисплатливо бидејќи не може никогаш повеќе да се искористи, па подобро е да смислите нешто домашно направено.“

roditeli-spodeluvaat-raboti-za-koi-zhalat-shto-potroshile-pari05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg