Трикови кои децата ги применуваат кога ги лажат родителите
Детските лаги се најмногу присутни во тинејџерските години и се намалуваат во адолесценцијата. Секој родител знае како неговото дете дише, но некогаш може да направи превид и да не ја препознае лагата.
Многу родители често сметаат дека завршиле добра работа со воспитувањето и дека нивното дете никогаш нема да ги излаже. Но, она на што не се спремни е дека многу деца се способни да направат цела шема на лаги со која мислат дека ќе се извлечат од незавидни ситуации.
Сепак, постојат знаци кои ќе ја издадат вистината:
Го одложуваат одговорот
Ако одговорот започнува со „Пааа...“, „Хмм...“ или слично, детето се обидува да добие време и да смисли некој подобар одговор од оној кој прв му паднал на памет.
Премногу гестикулира
Вие поставувате обично прашање, а детето превртува очи, гестикулира со рацете, ги гризе усните... Со неконтролираните гестови ви покажува дека на некој начин ја извртува вистината.
Одбива да слуша и манифестира агресија
Секој ваш обид да комуницирате со своето дете завршува со напад од негова страна и повишување на тонот. Ова е јасен знак дека со нагласената лутина всушност се брани од напад.
Е. Д. | Црнобело