Најчестите грешки во модерното воспитување на децата според позната дадилка
Ема Џенер е авторка на британскиот бестселер „Биди смирен родител“. Таа во својот живот работела и како дадилка низ цела Европа и во САД.
Во текот на својата кариера, таа сретнала многу семејства со најразлични тактики на воспитување. Врз основа на своето искуство, таа издвојува пет грешки кои ги смета за големи проблеми:
Родителите се плашат од своите деца
Децата имаат преголема контрола врз своите родители. Ако мајката стави млеко во една чаша, а детето изрази желба да пие од друга, таа брза да го претури во другата, дури тоа не побеснело.
Голема грешка! Од што тоа се плашите, родители?
Немаат големи очекувања
Кога децата се однесуваат ужасно, родителите само велат „Па, такви си се.“
Уште една страшна грешка. Децата се многу поспособни од што мислат родителите, но не сакаат да бидат трпеливи и да покажат манири, особено кога од родителите им е дозволено да бидат бесни и лигави.
Не прифаќаат мислење од другите
Секој родител знае како го одгледува своето дете, но не смее да занемари и ако наставниците, пријателите или која и да е друга личност ги предупреди дека детето лошо се однесува.
Во минатото децата ќе беа казнети ако соседите се пожалеа. Денеска, ако некој се пожали од детето, родителите полудуваат од бес, но кон другиот.
Се потпираат на мобилните телефони и таблетите
Вистина е дека овие уреди олеснуваат одредени ситуации, но цртаните филмови и детските песнички не треба да бидат лекот за бесот на детето. Ако претерате, децата ќе останат неспособни самите да се занимаваат.
Потребите на детето пред сè
Сосема е во ред детето да е приоритет, но ни во тоа не треба да се претерува. Некогаш, денешните родители го жртвуваат и своето здравје за да го задоволат своето дете.
Не е здраво да се потресувате да им ја исполните секоја желба, туку треба да ги научите дека нема сè во животот да им биде лесно достапно.
Е. Д. | Црнобело