Што може да направите за вашето дете да престане да мокри во кревет додека спие?
Иако можеби сте го одвикнале детето од пелени и сте го научиле само да оди во тоалет, сепак понекогаш знае да се појави мал проблем – мокрење во сон.
Иако ова не е случај кај сите деца, сепак често се случува децата во периодот од 4-та до 7-ма година да мократ во кревет додека спијат.
Па, ако се соочите со овој проблем, не се плашете бидејќи е нормално, но може да се обидете да спречите да се случува често во иднина.
Што треба да направите за детето да не мокри во кревет во спиење:
1. Намалете го внесот на течности пред спиење за детето да нема потреба од мокрење во сон.
2. Избегнувајте да му давате на детето големи количини храна која го иритира мочниот меур, како цитрусни овошја, јаболка, чоколадо и благи сокови.
3. Будете ги децата во текот на вечерта за мокрење, бидејќи тие се уште мали и сонот им е цврст за сами да се разбудат кога им се мокри.
4. Зголемете го нивото на магнезиум во исхраната, бидејќи неговиот недостаток прави нервниот систем да биде помалку респонсивен, па детето не е свесно кога има потреба за тоалет.
5. Зборувајте со вашето дете, не конкретно за темата, туку за други промени во секојдневието, како проблеми на училиште или други емоционални ситуации, бидејќи тоа може да им предизвикува стрес, што резултира со мокрење во сон.
Знајте кога да консултирате доктор
Иако мокрењето во кревет е нормално, сепак има граница и во некои случаи треба да се консултирате со доктор:
- Ако детето има постојано такви инциденти преку ден и навечер, а има повеќе од 5 години
- Ако постојано мокри во кревет во сон а има повеќе од 7 години
- Ако детето ја надминало фазата на мокрење во кревет и по неколку месеци повторно почне да се случува, а има над 5 години
М. М. | Црнобело