Кои работи не вреди да ги купувате пред бебето да се роди?

Многу парови кои очекуваат дете имаат навика да изнакупуваат сè и сешто уште пред породувањето.

koi-raboti-ne-vredi-da-gi-kupuvate-pred-bebeto-da-se-rodi-01.jpg

Па така, веќе имаат уредено цели детски соби, купуваат креветчиња, облека и играчки, но сето тоа е непотребно толку рано.

Некогаш родителите треба да бидат трпеливи и да не брзаат со некои одлуки, колку и да е радоста и возбудата голема.

Руски педијатар советува на што не треба да трошите пари пред да се роди детето:

Бебешко креветче

Нема потреба да избрзувате да купувате креветче, бидејќи новороденчиња најчесто во првите неколку месеци спијат заедно со мајката, а и по првите месеци, нивниот сон е уште чувствителен, па во текот на ноќта треба постојано да се будите за да го нахраните и повторно успиете.

Затоа, подобро е да почекате и по првите неколку месеци и малку искуство, да одберете креветче кое најмногу ќе ви одговара на потребите и ќе ви биде функционално.

koi-raboti-ne-vredi-da-gi-kupuvate-pred-bebeto-da-se-rodi-02.jpg

Масичка за пресоблекување

Иако изгледаат совршено и можеби си замислувате како ќе менувате пелени на масичката, сепак, најудобно е тоа да се прави на кревет, каде опасноста детето да падне е многу помала отколку на масичката.

Почекајте на почетокот да видите како ќе ви биде најудобно, па ако мислите дека има потреба, тогаш купете, не трошете пари залудно за да ви стои и не ја употребувате.

koi-raboti-ne-vredi-da-gi-kupuvate-pred-bebeto-da-se-rodi-03.jpg

Скапи колички

Иако е во ред да купите количка порано, сепак не е неопходно тоа да биде нова и најскапа само затоа што го сакате најдоброто за своето дете.

Важно е да гледате количката да биде практична во секој поглед, а не само да биде брендирана или да изгледа луксузно.

Исто така, може да се најдат многу колички кои претходно биле користени, а се одлично зачувани, па може многу да заштедите.

koi-raboti-ne-vredi-da-gi-kupuvate-pred-bebeto-da-se-rodi-04.jpg

Облека

Не избрзувајте со купување премногу парчиња облека пред да се роди детето, бидејќи многу е веројатно да не може да ги искористите или пак многу брзо да се смалат.

Во ред е да купите неколку неопходни парчиња како шпихозни, чорапчиња и слично, но побарајте и од пријателите да не ве трупаат со премногу облека, која за 2 месеца веќе ќе биде неупотреблива.

koi-raboti-ne-vredi-da-gi-kupuvate-pred-bebeto-da-se-rodi-05.jpg

Бебе монитор

Ова е многу корисен уред ако живеете во голема куќа или стан, но не е неопходен, посебно не во првите неколку месеци кога секако, постојано сте со детето и не може да не го слушнете заплаче.

koi-raboti-ne-vredi-da-gi-kupuvate-pred-bebeto-da-se-rodi-06.jpg

Премногу играчки

Секако, може да купите неколку играчки за на детето да му го направите интересен просторот иако на почетокот нема ништо да разбира.

Но, тоа не значи да направите брдо од играчки на секој чекор, бидејќи е подобро да почекате да видите како детето ќе се развива, на што ќе се радува, па тогаш да го купите она што е потребно, а не сè и сешто.

koi-raboti-ne-vredi-da-gi-kupuvate-pred-bebeto-da-se-rodi-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg