Олабавете ги децата од правилата и ќе научите 4 важни работи од нив

Светот гледајте го од детска перспектива... Кој кажа дека тмурното време треба да ви ја спречи забавата? Не му ја давајте таа моќ.

olabavete-gi-decata-od-pravilata-i-kje-nauchite-4-vazni-raboti-od-niv-01.jpg

Дали постојано сте во улогата на учител на вашите деца? Постојано им кажувате што треба и не треба да прават и им поставувате низа правила.

Ако за миг ги олабавите децата од правилата, од нив ќе научите 4 важни работи:

Човекот може да ужива без разлика какво е времето

Кога небото е мрачно и врне надвор, сигурно сакате само да се свиете со шолја чај во кревет.

Но, вашето дете ќе ви покаже дека дождот и ниските температури не може да ви го уништат денот, ако имате позитивна мисла и знаете да се забавувате.

olabavete-gi-decata-od-pravilata-i-kje-nauchite-4-vazni-raboti-od-niv-05.jpg

Светот гледајте го на детски начин

Ако му го дадете телефонот на вашето дете, тоа најверојатно ќе го слика небото, прекрасната природа, работите што ги сака и себеси во смешни пози. Тие фотки инстантно ќе ви донесат насмевка на лицето затоа што се полни со позитивна енергија.

Почнете и вие да го гледате светот како вашето дете. Гледајте што чини, а не што не чини.

olabavete-gi-decata-od-pravilata-i-kje-nauchite-4-vazni-raboti-od-niv-04.jpg

Не заборавајте да се забавувате

Дури и кога е големо, вашето дете со задоволство би сакало да го повозите со количката или да си игра со некоја бебешка играчка. Во тој миг е задоволно, се забавува и заборава на годините.

Се разбира, не треба да си играте со бебешки играчки, но мора да го одржувате живо детето во себе и да не се претворите во здодевна возрасна личност, која не знае да ужива во животот.

olabavete-gi-decata-od-pravilata-i-kje-nauchite-4-vazni-raboti-od-niv-03.jpg

Дрес кодот е залудно губење време и енергија

Ако го прашате вашето дете околу стајлингот, тоа ќе ви каже дека истото забавно парче облека, патики или ранец ќе си ги носи секој ден.

Зарем не ви се навистина здодеани долготрајните стоења пред плакарот наутро со мислата што да облечете? Ќе заштедите време, енергија и пари.

olabavete-gi-decata-od-pravilata-i-kje-nauchite-4-vazni-raboti-od-niv-01 - Copy.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg