Што да јадете, а што да избегнувате ако се обидувате да останете бремени?

Целокупното здравје има голема улога врз плодноста, иако многумина одбиваат да го сфатат тоа.

kako-ishranata-vlijae-na-plodnosta-shto-da-jadete-a-shto-da-izbegnuvate-ako-se-obiduvate-da-ostanete-bremeni-01.jpg

Доколку се обидувате да забремените, начинот на живот, но и исхраната се клучни фактори на кои треба да обрнете внимание.

Истражувањата покажуваат дека постои храна која помага при процесот на забременување, а секако, има и храна која може да го спречува или да предизвика некои нарушувања.

Покрај правилниот начин на исхрана, важно е и целосно да се грижите за здравјето, да избегнувате големи количини алкохол, да внимавате на тежината, да избегнувате стресови и да водите активен живот.

Кога станува збор за исхраната, доколку се обидувате да останете бремени, важно е да се држите до овошје, зеленчук, производи од цело зрно пченица и протеини, но да не се претерува со оние од животинско потекло.  

kako-ishranata-vlijae-na-plodnosta-shto-da-jadete-a-shto-da-izbegnuvate-ako-se-obiduvate-da-ostanete-bremeni-03.jpg

Неопходно е да се лимитира внесот на преработена храна, храна полна со шеќери и производи со адитиви, бидејќи покрај тоа што влијаат лошо на нивото на шеќер во крв, тежината и целокупното здравје, најмногу му пречат на црниот дроб, кој има голема улога при регулирање на хормоните кои се клучни за постигнување бременост.

За да се поттикне плодноста, не значи дека треба само да внимавате на исхраната, туку и на она што го пиете, па затоа алкохолот треба да е сведен на минимум, исто како и кофеинот.

Тежината, независно дали е повеќе или помалку од нормалното, исто така влијае на плодноста, па токму затоа начинот на исхрана е важен за одржување на тежината, како и на здравјето.

kako-ishranata-vlijae-na-plodnosta-shto-da-jadete-a-shto-da-izbegnuvate-ako-se-obiduvate-da-ostanete-bremeni-02.jpg

Затоа, независно дали сте имале проблем со плодноста или само сакате да го намалите ризикот за макотрпен процес и да успеете во целта полесно, обидете се да обрнувате повеќе внимание на исхраната и да направите некои промени, без притоа да ви претставуваат потешкотија.  

Што треба да избегнувате да ги внесувате ако се обидувате да забремените:

  • Грицки и брза храна полна со трансмасти
  • Нефилтрирана вода
  • Храна полна со шеќери и јаглехидрати
  • Храна базирана на соја
  • Газирани пијалаци
  • Видови на риби кои содржат голема концентрација на жива
  • Лекови кои може да го спречуваат процесот, а не ви се неопходни
  • Млечни производи со ниско ниво на масленост
  • Бел леб
  • Алкохол

kako-ishranata-vlijae-na-plodnosta-shto-da-jadete-a-shto-da-izbegnuvate-ako-se-obiduvate-da-ostanete-bremeni-04.jpg

Што треба да внесувате ако се обидувате да забремените:

  • Леб од цело зрно пченица
  • Зрнеста храна
  • Лисести зеленчуци
  • Маслиново масло
  • Семки од тиква
  • Лосос
  • Млечни производи со полна масленост
  • Многу овошје и зеленчук

kako-ishranata-vlijae-na-plodnosta-shto-da-jadete-a-shto-da-izbegnuvate-ako-se-obiduvate-da-ostanete-bremeni-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Игра за креативен развој на децата: Како да им направите сенки со рацете? Како да направите зајак? Или куче? Со овие туторијали лесно ќе научите како да н...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg