Како да се изборите со родителите кои премногу ви се мешаат, дури и кога сте возрасни?

Да расчистиме уште на самиот почеток, сè што вашите родители прават, го прават затоа што ви мислат добро и затоа што најмногу од сите други сакаат да бидете среќни.

kako-da-se-izborite-so-roditelite-koi-premnogu-vi-se-meshaat-duri-i-koga-ste-vozrasni-01.jpg

Но, факт е и тоа дека некогаш може да го преземат „кормилото“ на вашиот живот и да не сакаат да го пуштат, дури и откако веќе сте станале независни од нив. Ни за тоа не треба да им се лутите, туку да се обидете сепак, да истерате по свое.

Нормално е да сакате со нив да ги споделите сите таги, планови, промени и одлуки, а тие секогаш ќе мислат дека има нешто подобро за вас.

Постојат луѓе кои се жртви на очекувањата на родителите. Постојат и такви кои уште се под нивна контрола. Ги има и оние кои ги слушаат одлуките на своите родители, наместо своите и потоа не се среќни.

Да повториме, тие не ви мислат лошо, но не го живеат ниту вашиот живот за да знаат што е најдобро.

kako-da-se-izborite-so-roditelite-koi-premnogu-vi-se-meshaat-duri-i-koga-ste-vozrasni-03.jpg

Обидете се да ја решите ситуацијата на некој од следниве начини:

Поставете граници

Ова не значи дека не ги почитувате, туку напротив, им дозволувате да одат до таму каде вие ги пуштате. Можеби сакаат да се слушате по неколку пати во текот на денот или да ве изненадат со ненајавени посети.

Сакаат да носат одлуки наместо вас и да го организираат вашето време, како што правеле кога бевте деца.

Потсетете ги дека имате свои обврски и одговорности кои не можат да се одложуваат и дека ќе бидете со нив секогаш кога ќе можете.

Дајте си приоритет себе

Престанете да носите одлуки кои ги задоволуваат вашите родители, на сметка на вашата среќа. Иако ви изгледа како оптимално решение, вашата иднина може да биде „запечатена“ токму поради нивните најдобри намери.

Но, не ги замолчувајте. Ислушајте ги, прифатете го она што е корисно и потоа продолжете по својот пат.

kako-da-se-izborite-so-roditelite-koi-premnogu-vi-se-meshaat-duri-i-koga-ste-vozrasni-02.jpg

Не ги лажете

Потешко е да ја кажете вистината во одредени ситуации, но само таа може да гарантира мир во иднина. Може да се случи да изгубат доверба и уште толку да се впуштат во преземање на контрола врз вашиот живот.

Разговарајте со браќата и сестрите

Вие имате исти родители и ако некој може целосно да ве разбере, тоа се токму тие. Веројатно и минуваат низ истото. А, споделената мака е поделена мака. Можеби и ќе најдете начин да излезете заеднички од таа ситуација.

Фокусирајте се на напредокот

Можеби не станавте научник, како што тие сакаа, но сигурно постигнавте нешто. Известувајте ги за секој свој успех, па со тек на време ќе се помират со тоа дека сте успеале сами.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg