Побарајте помош, не паничете за нередот: Родителски совети од славните мајки
Родителството понекогаш може да биде многу тешко, а иако многумина мислат дека на славните не им е така, сепак и тие имаат свои маки.
Некои од нив целосно се посветени на децата и сами се грижат за сè околу нив, додека други, не се срамат од тоа што имаат помош.
Иако се славни, многу од нив не бегаат од реалноста и се справуваат со децата како и секоја обична мајка.
Не се срамат да покажат низ што поминуваат, а споделуваат и совети и мислења.
Кои се нивните совети и која им е најголемата мака?
Елизабет Бенкс
„Бидете отворени за било каква помош. Многу мајки денес мислат дека треба да бидат супер мајки, а мислам дека е важно да знаете кога да побарате помош.“
Хајди Клум
„Нашиот дом е полн со живот и смеа. На секој ручек нешто се истура. Или носат униформи за училиште и кога појадуваат, цели раце им се со храна. Може сто пати да им кажете да не ги бришат од панталоните, но бидете сигурни дека пак ќе го прават тоа. Тука треба да прифатите. Мојата куќа не е како музеј. Може да се види дека таму живеат деца. Куќата е нивна колку што е и моја.“
Ким Кардашијан
„Многу се различни. Не знам дали затоа што таа е постара сестра. Не знам што е ова, мислев дека е фаза, но таа не го сака нејзиниот помал брат. Многу ми е тешко.“
Рис Витерспун
„Постојано се прашувам дали поминувам доволно време со нив, дали правам добар баланс, дали добро ги воспитувам. Мислам дека не поминува 1 час од мојот ден, а да не се прашам дали се добро и што прават. Постојано мислам на нив независно што правам.“
Кејт Хадсон
„Моите родители ни дозволуваа на мене и брат ми да имаме слобода и да бидеме свои, да се чувствуваме уверени во сопствените избори и да правиме грешки без да ни судат. Се надевам дека и јас можам да бидам добра во тоа.“
Криси Тајген
„Мајка ми живее со нас. Имам фризери и шминкери. Не правам сè сама. Добивам многу помош. Важно е луѓето да знаат дека тоа е во ред. Имам голема почит кон мајките кои одат на работа, се враќаат и прават ручек, а сами ги одгледуваат децата. Јас ги правам сите овие работи бидејќи имам помош.“
Блејк Лајвли
„Престанете да им кажувате на малите девојчиња дека можат да направат сè. Тие веруваат дека навистина можат да направат било што. Тоа отвара врата за прашања. Сите сме родени да бидеме совршени, додека некој не ни каже дека не сме.“
Џулија Робертс
„Се обидувам да ѝ се јавувам на мајка ми што почесто, бидејќи си помислувам – што ако мене детето не ми се јавува со недели?!“
Џенифер Гарнер
„Сè се врти околу тоа да ги разбудиме децата, да ги нахраниме, да ги однесеме во училиште, да го легнеме другото да спие, да одиме во маркет, да ги земеме од училиште, да зготвиме ручек...“
М. М. | Црнобело