„Ти благодарам сопруго за сè што правиш за нас. Ти си лепакот.“ – хит писмо на татко на 3 деца

„Таа преморена со трите деца во 17 часот ќе сака да знае каде сум и кога ќе дојдам и јас најверојатно ќе ѝ кажам дека ќе ѝ се јавам подоцна затоа што сум многу зафатен.“

ti-blagodaram-soprugo-za-se-shto-pravish-za-nas-ti-si-lepakot-hit-pismo-na-tatko-na-3-deca-01.jpg

На Фејсбук профилот DadMum, кој го води татко на три деца осамна емотивно писмо во кое овој маж говори за вредноста на својата сопруга.

„Тежок ден на работа. Имавме месечен состанок на раководители. Патував 5 часа со воз и автомобил. Потоа седев цел ден и зборував за важни работи. Истоштен сум.

А, што правеше мојата сопруга? Не многу.

Таа сè што треба да направи е да разбуди две момчиња, да ги облече и нахрани, додека го дои третото – бебето Теди.

Нема сомневање дека тие треба да бидат изнесени во паркот за да ја потрошат сета таа енергија. Колку лесно е тоа. И треба само да ги стави работите во торба, да им најде шапки, да им спакува грицки и резервна облека и да ги стави во автомобилот.

ti-blagodaram-soprugo-za-se-shto-pravish-za-nas-ti-si-lepakot-hit-pismo-na-tatko-na-3-deca-03.jpg

Потоа, треба повторно да го надои бебето и без да го пушти од раце треба да зборува и да им помага на другите да се лулаат и да не им стане здодевно. Навистина е лесно.

Потоа ќе дојдат дома, а таа ќе им приготви ручек, кој најверојатно нема да сакаат да го јадат. Потоа додека се обидува да ги натера да одморат ќе се вклучи на интернет, повторно да пазарува нешто за нив.

Нема сомневање дека попладнето ќе бараат да ги возат нивните велосипеди, колички и да трчаат наоколу. Таа ќе седи и ќе го храни бебето пак. Во 16 часот попладне повторно ќе станат уморни и ќе ги кара за работи како: „Не го удирај брат ти, ти кажав 100 пати“.

Во 17 часот ќе сака да знае каде сум и кога ќе дојдам и јас најверојатно ќе ѝ кажам дека ќе ѝ се јавам подоцна затоа што сум многу зафатен.

ti-blagodaram-soprugo-za-se-shto-pravish-za-nas-ti-si-lepakot-hit-pismo-na-tatko-na-3-deca-02.jpg

Таа ќе приготвува вечера, ќе гледа како јадат, ќе ги бања и облекува за во кревет и сето тоа со една рака, затоа што сè уште го држи бебето. Изморена од постојаната растргнатост на сите страни, без ниту една секунда за себе, таа ќе ми се јави повторно да види до каде сум. Ќе биде уморна, испотена и исфрустрирана. Ќе биде иритирана и нема да сака ништо повеќе од туш и шолја топло кафе.

Јас ќе се приберам конечно во 19:30 по мојот голем ден, а таа само ќе се релаксира на телефонот блиску до креветчето на бебето, а момчињата ќе се обидуваат да заспијат.

Јас најверојатно дури ќе треба да си припремам сам вечера.

За време на викендите ќе им каже на момчињата: „Вие имате вакви играчки, затоа што тато работи многу за да го обезбеди нашето семејство.“

Како што кажав, денес беше тежок ден за мене.

Ти благодарам сопруго за сè што правиш за нас. Ти си лепакот.“

Massive day at work today. We have our monthly senior leadership meeting. I have to travel for a 5 hour round journey...

Posted by DaDMuM on Monday, November 12, 2018
" data-width="630" data-show-text="true">

Massive day at work today. We have our monthly senior leadership meeting. I have to travel for a 5 hour round journey...

Posted by DaDMuM on Monday, November 12, 2018

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg