Водич за родители: На што треба да ги учите децата до 18 години?
-->
Иако не е воопшто лесно, сепак доколку сте подготвени на тој чекор, може да бидете одлични родители.
Важно е да бидете посветени, смирени и да не заборавите дека вие сте тие кои треба да ги учите децата на многу работи и кога ќе пораснат, а не само кога се бебиња.
-->
Вие треба да им ги вметнете животните вредности, вештини и навики во начинот на живот, за тие да израснат во независни индивидуи за кои нема да се плашите бидејќи ќе знаете дека сте ги научиле правилно.
Зависно од тоа која е возраста на децата, тие треба да знаат одредени работа, па така се поделени работите на кои треба да ги научите до 18 години.
Што треба да знаат децата зависно од годините?
До 5 години
- Да се справуваат со неуспехот и со лутината
- Да научат како да простат
- Да бидат способни да се согласуваат со други деца
- Да бидат независни за мали работи како облекувањe
- Да ја знаат адресата на живеење
- Дека не треба да зборуваат со непознати и да земаат работи од нив
- Да не се срамат од сите деца и возрасни
- Да не се плашат да прашаат ако не знаат нешто
- Да бидат одговорни за сопствените дела
- Да се хранат добро и да знаат дека грицките и благото не се оброк за секој ден
-->
-->
Од 6 до 8 години
- Да си подготват едноставен оброк (сечење леб, правење сендвич, чај)
- Да ги знаат броевите за итна помош
- Да бидат одговорни и да ги завршуваат обврските навреме
-->
- Да научат да пливаат
- Да поминуваат улица почитувајќи ги сообраќајните правила
- Да не се плашат да излегуваат и да се дружат со други деца
- Да наоѓаат сами информации во книгите и на интернет
- Да не кажуваат сè што ќе им падне на памет и да навредат некого
- Да се грижат за животните и околината
- Да се однесуваат соодветно на маса и да користат прибор
Од 9 до 12 години
- Да разликува потреби од желби
- Да бидат оптимистични, но да не гледаат со розови очила
- Да си најдат хоби кое го сакаат и да се обидат да успеат
- Да се облекуваат соодветно според пригода
-->
- Да ги знаат основните работи за безбедно користење интернет
- Да не ги оставаат клучевите од дома или парите секаде
- Да зготват некое плус јадење (јајца, макарони), да ги измијат садовите, да излупат зеленчук
- Да практикуваат физичка активност
- Да одат до маркет и да купат основни работи
- Да ги научат родендените на најблиските и да бидат внимателни за пригоди
- Да знаат да си го ограничат времето на компјутер или телевизија
Од 13 до 15 години
- Да ја знаат опасноста од алкохолот, цигарите и дрогата
- Да се ориентираат низ местото на живеење
- Да користат сами јавен превоз
- Да го прифатат сопствениот изглед и да не си бараат само недостатоци
- Да се грижат за пријателството
- Да знаат како да искажат чувства
- Да се извинат кога ќе направат грешка
- Да имаат самодоверба
- Да штедат пари и да ги трошат паметно
Од 16 до 18 години
- Да размислат пред да донесат важна одлука
- Да решаваат сами конфликти
- Да знаат како да постигнат договор со некого
- Да знаат како разумно да преземат ризик
- Да се грижат за сопствената тежина
- Да се справат со тешкотиите во учењето и емоциите во себе
- Да си ги знаат предностите и слабостите
- Да ги знаат „правилата“ за безбеден секс
- Да ги разбираат сопствените и туѓите чувства
- Да размислуваат за иднината и професијата
- Да волонтираат и да учествуваат во проекти, па дури и да заработат ситно
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви
„Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете
Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Наплаќам за да се грижам за внуците – заработив 25.000 евра, но ќерка ми мисли дека сум себична“
„На 65 години, веќе заморно е да се грижам за седум внуци. А, овде се и финансис...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот...
„Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме...
Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“
„Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...