Жена објави вознемирувачки фотки со мртвото новороденче за да предупреди за неажурноста на докторите
Уште во 26-тата недела од бременоста чувствувала дека нешто не е во ред, но докторите биле глуви за нејзините поплаки.
Криси Вотсон (20) е млада жена чие срце било комплетно скршено кога во 32-та недела од бременоста родила мртво бебе.
Таа била пресреќна што конечно е бремена, откако претходно имала 3 спонтани абортуси кои ментално ја уништиле.
Криси открива дека за време на бременоста почнала да искусува симптоми како отекување на нејзиното лице, раце, стапала, заматен вид и главоболки, кои траеле со седмици. Од 26-тата недела таа почнала интензивно да се жали кај докторите поради болките, а тие ја испратиле дома и ѝ рекле дека тие симптоми се нормален дел од бременоста.
Но, за жал во 32-та недела Криси за малку ќе го изгубела животот поради недијагностицираната прееклампсија и открила дека нејзиниот новороден син починал уште во стомакот.
Инаку, прееклампсијата е состојба во бременоста која е закана за животот и на мајката и на нероденото бебе, а најлошиот момент е што кај Криси никој не ја дијагностицирал сè додека штетата не била направена.
Криси е разочарана од неажурноста на докторите затоа што јасно им кажала уште во 26-тата недела од бременоста дека чувствува дека нешто не е во ред. Од ужасното отекување до варирањето на крвниот притисок, знаела дека тоа не е нормално.
За да ја поткрене јавната свест на оваа тема таа направила неколку фотографии со нејзиното новороденче Кејсен:
С. С. | Црнобело