15 идеи што да им подарите на децата, за да не трошите залудно пари на играчки
Иако децата секогаш им се радуваат повеќе на играчки од на било што друго, сепак не треба да се претерува и да се преполнува домот со работи кои веќе ги имаат.
Можеби е најлесно да влезете во продавница за играчки и да одберете нешто за детето дома да има занимација, но некогаш треба да размислувате поинаку.
Наместо залудно да си ги трошите парите на предмети кои детето за неколку дена ќе ги заборави, подарувајте искуства со кои ќе им создадете спомени на децата, независно дали има повод или не.
Не секогаш среќата се наоѓа во големите работи и понекогаш повеќе значат малите задоволства и радоста која се доживува отколку било која играчка со која ќе го затворите детето дома.
Во продолжение неколку идеи што да им подарите на децата, секако, зависно од возраста одберете го најдоброто:
1. Одете во книжара и одберете неколку омилени книги, сликовници и слични работи кои ќе му се допаднат на детето.
2. Посетете го најблискиот забавен парк и понудете му на детето незаборавно искуство.
3. Купете билети за детето и неговите најблиски другарчиња за омилената детска претстава.
4. Запишете го на часови по гитара, пијано или тапани – она што му е омилено.
5. Ако е девојче, запишете ја на балет и купете ѝ здолниште.
6. Однесете го на јавање коњи со неколку другарчиња.
7. Организирајте вечер во куглана и забавувајте се фамилијарно.
8. Набавете влезници за натпревар на омилениот спортски клуб на детето.
9. Или, подарете му навивачка опрема – дресови и други додатоци од омилениот тим.
10. Запишете го детето на пливање и купете му целосна опрема.
11. Однесете го на качување на вештачки карпи/ѕидови.
12. Организирајте вечер за него и неколку другарчиња или за цело семејство и одете на пукање со ласери.
13. Доколку детето има талент, може да му подарите некој музички инструмент со кој ќе се усовршува.
14. Доколку имате можност, не ја пропуштајте и однесете го детето на незаборавна авантура во Дизниленд.
15. Било што што мислите дека може да биде добро искуство за вашето дете или на што знаете дека ќе се израдува, без притоа да мора да биде играчка – подарувајте искуства.
М. М. | Црнобело