Стјуардеса што го доеше расплаканото бебе на патничка во авион стана вирален хит
„Ти си херој, ми ги наполни очите со солзи. Ти си вистински доказ дека мајките мора да се држат заедно“, беше еден од емотивните коментари за потегот на Патриша.
Патриша Органо (24) од Манила работи како стјуардеса во авиокомпанијата Philippine Airlines. За време на еден неодамнешен лет таа забележала дека едно бебе плаче хистерично.
Ѝ се приближила на мајката да праша дали сè е во ред кога таа ѝ се пожалила дека ѝ се потрошило вештачкото млеко, а малечкото ѝ било многу гладно.
Патриша, која е мајка на 9-месечно дете и сè уште ја дои ќерката Џејд, се понудила да го надои детето на патничката.
Патриша со нејзината ќерка Џејд
„Во мигот кога детето почна да цица млеко од мене се смири и видов огромно олеснување во очите на мајката. Нејзината ќерка веднаш потоа заспа. Знам каков хаос од емоции е тоа. И јас сум мајка и знам каков стрес е кога детето ви плаче, а вие не можете никако да го смирите“, изјави стјуардесата.
Покрај мајката и другите патници на летот биле воодушевени од потегот на Патриша, а фотографијата од неа како го дои малечкото стана вирален хит.
I BREASTFED A STRANGER’S BABY INFLIGHT Yesteday, I was scheduled for a check flight to be qualified as a Cabin Crew...
-->Posted by Patrisha Organo on Wednesday, November 7, 2018
С. С. | Црнобело