Како да го натерате детето да зборува ако има проблеми во училиште?

Како родител, сосема е нормално да се грижите за времето кое вашето дете го поминува во училиште и сакате да ви кажува што повеќе информации за тоа.

ne-chekajte-naterajte-go-deteto-da-zboruva-ako-se-somnevate-deka-ima-problemi-vo-uchilishte-01.jpg

Доколку детето упорно одбива да зборува за што било поврзано со училиштето, можеби е време да примените понапредна родителска техника и да дознаете што навистина се случува.

Секако, не треба да поставувате иритирачки прашања, ниту да нагаѓате. Децата се чувствителни и само еден кажан збор може да биде сосема погрешен и да постигнете спротивен ефект.

Применете ги овие едноставни трикови, за да може детето да се „отвори“ и да открие што го мачи:

1. Не се откажувајте од разговорот

Вашето дете очекува дека ќе го прашате и по неколку пати што се случува. Доколку се откажете, ќе мисли дека веќе не сте заинтересирани.

Поминете време сами со него и веднаш ќе му стане поудобно да открие што го мачи.

ne-chekajte-naterajte-go-deteto-da-zboruva-ako-se-somnevate-deka-ima-problemi-vo-uchilishte-02.jpg

2. Бидете емпатични

Можеби проблемот за вас е лесен и детинест, но за него е поголем од целиот свет. Не пробувајте да му објасните дека има луѓе на кои им е далеку потешко, туку бидете сочувствителни и емпатични.

3. Поставувајте потпрашања, интересирајте се

Покажете интерес, прераскажете го настанот со изменети детали и дозволете детето да ве поправи. Колку повеќе го правите тоа, толку побрзо ќе стигнете до саканата вистина.

ne-chekajte-naterajte-go-deteto-da-zboruva-ako-se-somnevate-deka-ima-problemi-vo-uchilishte-03.jpg

4. Не поставувајте цели

Вашето дете треба да се чувствува удобно и безбедно покрај вас. Не вршете притисоци и не поставувајте цели, вие сте само помошник во таа ситуација.

5. Бидете партнер, не родител

Понудете ја вашата помош, разгледајте ги сите хипотетички ситуации, работете на социјалните вештини. За момент заборавете на тоа да сте родител и бидете му ортак на своето дете.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg