„Мојата борба со неплодностa ми ги исцеди солзите, болен беше патот за да станам мајка“

„Се чувствувате изолирано. Плачете, се прашувате зошто животот е нефер и како можеше мајката природа вака да ве изневери...“

mojata-borba-so-neplodnosta-mi-gi-iscedi-solzi-bolen-beshe-patot-za-da-stanam-majka-01.jpg

Аманда Наор од Лос Анџелес вели дека јасно се сеќава на болката кога добила ужасна вест од докторите дека таа и нејзиниот сопруг нема да можат да зачнат дете по природен пат, а причината за неплодноста не била јасна.

По повеќе од две години, голем број на доктори, неуспешни бремености, разни процеси на вештачко оплодување и процеси за зголемување на бројот на сперматозоиди, како и потрошена огромна сума на пари, Аманда и нејзиниот сопруг конечно го добиле нивното прво дете, синот Фин.

Додека нејзиниот син и спие на гради Аманда преку медиумите им ја раскажува својата приказна на другите парови кои се соочуваат со истото. Серијата фотографии од борбата што таа и сопругот ја имале ја нарече „Worth the Wait“.

Таа сака да ја сподели својата приказна, но и приказните на други луѓе, за оние кои се соочуваат во моментот со ваква борба да не чувствуваат изолација и осаменост.

Аманда вели дека откако во 2015 година одлучиле да имаат бебе, 13 месеци плачела кога добивала месечен циклус. Прочитала и научила сè што може за процесот, а потоа сфатила дека им е потребна медицинска помош.

„Убаво е кога ќе видите заоблено трудничко стомаче, мали чорапчиња и ќе почувствувате мирис на бебе, но понекогаш зад тоа се кријат години во солзи, страв, апчиња, докторски прегледи, тестирања, процедури и уште повеќе солзи“, вели Аманда и додава дека неплодност е емоционален ролеркостер кога чувствувате дека животот не е фер и дека мајката природа ве издала. „Скапо е, болно е и паровите тивко страдаат.“

Дел од фотографиите на Аманда на патувањето до тоа да стане мајка:

mojata-borba-so-neplodnosta-mi-gi-iscedi-solzi-bolen-beshe-patot-za-da-stanam-majka-03.jpg

mojata-borba-so-neplodnosta-mi-gi-iscedi-solzi-bolen-beshe-patot-za-da-stanam-majka-04.jpg

mojata-borba-so-neplodnosta-mi-gi-iscedi-solzi-bolen-beshe-patot-za-da-stanam-majka-07.jpg

mojata-borba-so-neplodnosta-mi-gi-iscedi-solzi-bolen-beshe-patot-za-da-stanam-majka-06.jpg

mojata-borba-so-neplodnosta-mi-gi-iscedi-solzi-bolen-beshe-patot-za-da-stanam-majka-05.jpg

mojata-borba-so-neplodnosta-mi-gi-iscedi-solzi-bolen-beshe-patot-za-da-stanam-majka-08.jpg

mojata-borba-so-neplodnosta-mi-gi-iscedi-solzi-bolen-beshe-patot-za-da-stanam-majka-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Двапати донирав орган за мајка ми - тоа е мала цена за да ја видам здрава и среќна“ „Никој не беше подготвен за тоа да ја нема мајка ни во нашите животи. Тоа беше п...
Најдобриот брачен совет: Пред да пробате со нова личност, пробајте уште еднаш со вашиот сопруг/а дом... „Од сопругот/та ви е преку глава и тогаш доаѓа некој кој е нов, внимателен, совр...
Ако детето „боледува“, треба да ја лекувате мајката Детето или го храните со позитивност, љубов, внимание, нежност или се тресете на...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Што е „хеликоптер родителство“ и како тоа му штети на вашето дете? Децата на „хеликоптер родителите“ во средно образование не можат да се справат с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg