Нема поента бидејќи нема да памти: 4 митови за патувањето со бебе во кои треба да престанете да верувате
Многу родители кои имаат мало дете, не ни помислуваат да излезат од границите на сопствената земја, а уште помалку да се качат во авион со него.
Постојат некои митови во кои се верува, заради што повеќето веднаш се откажуваат од таквата помисла, наведувајќи ги причините како снимени на касета.
Секако дека патувањето со дете не е толку лесно како кога сте биле сами, но тоа не значи дека не може да се подготвите на сè, добро да се организирате и да се охрабрите да го пробате и тој предизвик.
Искуството ќе биде незаборавно, ќе поминете прекрасни семејни моменти на убави места и ќе создадете многу спомени.
Погледнете кои се митовите кои се пречка за многу родители, во кои не треба да верувате:
Мит бр. 1: Патувањето нема поента бидејќи детето нема да го памти
Факт: Ќе имате многу приказни од патувањето на кои секогаш ќе се потсетувате раскажувајќи ги со возбуда, одличен начин е да се поврзете и зближите како семејство и ќе имате многу фотки и видеа кои долго потоа ќе се гледаат и ќе останат спомен.
Мит бр. 2: Мора да носите премногу работи со вас
Факт: Не, ако се пакувате лесно и оставите некои работи да ги купите оттаму. Не значи дека треба да ги земете сите играчки, земете неколку помали, а самата нова околина на детето ќе му биде доволна занимација.
Мит бр. 3: Летањето со дете е премногу стресно
Факт: Секако дека некогаш може да биде бидејќи не знаете како ќе реагира детето, но тоа не значи да не се обидете, бидејќи може да се случи и спротивното. Подгответе се добро и донесете неколку ситници за занимација или обидете се да го успиете детето за време на летот.
Мит бр. 4: Премногу е скапо
Факт: За бебиња не се плаќаат билети, единствено можеби авионски такси, а зависно од авиокомпанијата за нив се добиваат и други бенефити. Исто така, влезот за бебиња е бесплатен на многу места како знаменитости и занимливости.
Со оглед на тоа што се мали, во поголем дел од времето ќе спијат додека ги шетате и ќе јадат исто како и дома, па нема некои посебни дополнителни трошоци, напротив, со нив може да поминете поевтино.
М. М. | Црнобело