Методот на мајка со кој ги тера децата да ги средат играчките стана вирален хит
Ако до легнување корпите не се испразнети, играчките одат во „рајот на играчките“, односно во ѓубре.
По сите обврски, на крајот од денот родителите треба да ги средуваат и играчките на своите деца. Секој ден одново и одново.
Џесика Мекгинти е мајка на која ѝ здодеало да го прави ова, а и да се сопнува од играчките постојано, па смислила решение.
Нејзината идеја, што ја објави на Фејсбук, стана вирален хит со 40.000 лајкови и 24.000 коментари.
Таа им купила шарени корпи на децата и им кажала дека ако во текот на денот играчките се расфрлени наоколу ќе одат во корпите, а ако до време за легнување сè уште се таму, таа ќе ги исчисти корпите и играчките ќе одат во „рајот на играчките“, односно во ѓубре.
Строго, но Џесика вели дека не може по 100-ти пат да се витка од болка затоа што згазила на лего коцка.
Шемата на средување им се допадна на многу родители и тие ја поддржа Џесика во коментари со ставот дека ќе го применат овој трик.
Today I got the kids fucket buckets ™️. If they leave it laying around, it goes in their bucket. If it’s still there at bedtime it goes in the bin because fucket if I’m cleaning it up.
-->Posted by Mishmash Moments on Friday, October 5, 2018
Today I got the kids fucket buckets ™️. If they leave it laying around, it goes in their bucket. If it’s still there at bedtime it goes in the bin because fucket if I’m cleaning it up.
Posted by Mishmash Moments - Jessica McGinty on Friday, October 5, 2018
С. С. | Црнобело