6-годишно девојче се грижи за парализираниот татко, откако мајка ѝ ги напуштила

Тој останал парализиран во сообраќајна незгода, а неговата сопруга, односно мајката на Џиа Џиа, ги напуштила само 2 месеци потоа.

6-godishno-devojche-se-grizhi-za-paraliziraniot-tatko-otkako-majka-i-gi-napushtila-001.jpg

Џиа Џиа е прекрасно 6-годишно девојче кое речиси 2 години се грижи за нејзиниот татко, откако тој останал парализиран во сообраќајна незгода.

Таа станува во 6 часот наутро за да го масира нејзиниот татко Тиан, пред да си ги измие забите за на училиште.

Откако ќе врати од училиште таа му дава вечера и му помага малку да се раздвижи низ нивниот дом во реонот Ningxia во Кина.

6-godishno-devojche-se-grizhi-za-paraliziraniot-tatko-otkako-majka-i-gi-napushtila-01.jpg

Кога е на училиште за 40-годишниот Тиан се грижат нејзините баба и дедо.

Инаку, Тиан останал парализиран откако таксито во кое се возел во 2016 година со голема брзина направило сообраќајна незгода.

Неговата сопруга, мајката на Џиа Џиа, ненадејно ги напуштила само 2 месеци по несреќата. Со себе го земала постариот син. На Тиан му рекла дека ќе оди на неколку дена во куќата на нејзината мајка, но никогаш не се вратила.

6-godishno-devojche-se-grizhi-za-paraliziraniot-tatko-otkako-majka-i-gi-napushtila-02.jpg

За среќа, тој ја има Џиа Џиа која дури и му ја бриче брадата. Таа вели дека мајка ѝ не ѝ недостига затоа што ги напуштила, но ѝ недостига постариот брат.

Преку фотографии погледнете ја несебичната помош на Џиа Џиа:

6-godishno-devojche-se-grizhi-za-paraliziraniot-tatko-otkako-majka-i-gi-napushtila-06.jpg

6-godishno-devojche-se-grizhi-za-paraliziraniot-tatko-otkako-majka-i-gi-napushtila-05.jpg

6-godishno-devojche-se-grizhi-za-paraliziraniot-tatko-otkako-majka-i-gi-napushtila-04.jpg

6-godishno-devojche-se-grizhi-za-paraliziraniot-tatko-otkako-majka-i-gi-napushtila-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
Емотивна приказна: Го киднапирале кога се родил, успеал да ја најде мајка му по 42 години Влегувајќи во домот на неговата мајка, Тајден бил пречекан со 42 шарени балони, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg