Како родителите можат да им помогнат на децата за сами да носат одлуки?

Освен тоа што секој родител треба да го научи детето да одлучува, треба и да му помогне тоа да го прави со доволно самодоверба.

kako-roditelite-mozhat-da-im-pomognat-na-decata-samite-da-nosat-odluki-01.jpg

Децата често точно знаат што сакаат, но стравот од прекор може да ги наведе да се двоумат и да постапат поинаку. На пример, ако на детето му се допадне играчка од првата продавница, а родителот му рече да разгледаат и на други места, веројатно само ќе губат време и повторно ќе се вратат во првата.

Сето тоа би било избегнато ако детето било посамоуверено во својата желба дека ја сака токму првата играчка.

На кој начин родителите можат да им помогнат на децата да бидат поодлучни и порешителни за она што го сакаат?

1. Не решавајте ги проблемите место нив

Можете да ги насочите и да им бидете поддршка додека го решаваат проблемот. Често родителите се тие кои ги прават нештата наместо детето и со тоа го лишуваат од носење одлуки соодветни за нивната возраст.

kako-roditelite-mozhat-da-im-pomognat-na-decata-samite-da-nosat-odluki-03.jpg

2. Помогнете им да се слушаат себе

Со точно поставеното прашање ќе го мотивирате детето да го каже она што навистина го чувствува. Користете фрази од типот на „Ми се чини дека не си сигурен/на дали сакаш куче“ и слични, за да можат да се изјаснат дека навистина сакаат нешто.

3. Дајте им насоки

Наместо да го решавате проблемот, помогнете им со тоа што ќе им дадете основа врз која тие ќе ја изградат својата одлука. На пример, научете ги да ги согледуваат позитивните и негативните страни на своите одлуки, да го претпостават исходот и сето тоа во ограничена временска рамка.

На крај, пофалете ги за тоа што самите ја донеле одлуката.

kako-roditelite-mozhat-da-im-pomognat-na-decata-samite-da-nosat-odluki-02.jpg

4. Вежбајте носење одлуки

Купувањето во маркет е одлична активност благодарение на која ќе научат да одлучуваат. Започнете со ситни одлуки како што е изборот на намирници и дозволете им да искажат што им се допаѓа повеќе, а што не, но и да научат да направат одредени компромиси.

За кратко време ќе научат да одлучат дали повеќе сакаат да одат на тренинг или на курс по странски јазик, наместо „роботски“ да ги прават и двете активности.

5. Научете ги да живеат и со каењето

Можеби додека се мали вие лесно ќе ги прикривате последиците и ќе ги правите поподносливи. Но, секогаш треба да им дадете до знаење дека сигурно ќе се случи во животот да донесат и лоша одлука.

Токму поради тоа треба да научат и како да живеат со тоа без да вложуваат многу емоции, ниту пак тоа да влијае врз натамошниот живот.

kako-roditelite-mozhat-da-im-pomognat-na-decata-samite-da-nosat-odluki-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg