„Си се запуштила, повеќе не изгледаш како пред да имаш деца“ - ми кажа пријателка ми
„Вие сте повеќе од само убаво лице. Вие сте мајка, сопруга, сестра, ќерка, сонувач, реализатор. И сосема во ред е што ја напуштивте потребата постојано да изгледате совршено.“
Ејми Ведрли е мајка на три деца, која откако била осудена за нејзиниот изглед од страна на една нејзина пријателка напиша објава која сe прошири вирално.
„Ја сретнав и ми кажа: „Не можам да поверувам дека те гледам во јавност без шминка и со патики. Која си ти?“
Ѝ се насмеав затоа што е вистина. Во минатиот живот носев високи потпетици и тренди топови. Бев девојката која никогаш не шета без шминка и фризура. Без накит, сјај за усни и многу пудра.
Но, сега е комплетно друга приказна.
Да, нешто кај третото бебе ме натера да се опуштам.
Откако се разделивме со неа размислував за нејзините зборови, кои направија да се чувствувам лошо. Знаев дека не изгледам како претходно, имав килограми плус и коса прибрана во неуредна пунџа.
Но, сега сум посамоуверена. Помала е веројатноста дека ќе плачам поради акна или дека ќе испуштам ноќ со пријателките само затоа што косата не ми е измиена. Не паѓам во депресија ако некој одлучи да не ме сака и не сум несигурна и нервозна ако некој не ме покани на забава.
Вистината е дека некако си се допаѓам себеси сега повеќе од претходно. Сега сфаќам дека светот не се врти околу лажните трепки туку околу срцето, умот и душата.
Добра е шансата дека една девојка под слоевите ќе открие дека е жена која со целото срце си го сака семејството, безрезервно им се дава на децата, го обожава својот сопруг, која е прибрана без разлика што животот ќе фрли кон неа.
Светот не треба да биде загрижен за неа. Светот треба да ѝ аплаудира.
Па, наредниот пат кога некој ќе ви каже дека не изгледате исто, не се облекувате исто или не сте исти како пред 5 или 10 години, се надевам дека ќе го запомните ова:
Вие не се запуштивте. Вие само ја напуштивте потребата да изгледате совршено постојано. Едноставно ги напуштивте работите кои се површни и се посветивте на работите кои креираат спомени за цел живот и што ќе останат со наредните генерации.
Ставете шминка кога можете, средете ја косата кога ќе пронајдете време, грижете се за себе, но не се чувствувајте во ниту еден миг лошо ако немате време за тоа – едноставно тие надворешни работи повеќе не ве дефинираат вас.
Вие сте повеќе од само убаво лице. Вие сте мајка, сопруга, сестра, ќерка, сонувач, реализатор.
Вие сте вие и тоа никогаш не може да ви биде одземено.“
С. С. | Црнобело