„Мајка сум и постојано сум анксиозна - што ако детето ми падне, што ако се задави, што ако му го скршат срцето“

majka-sum-i-postojano-sum-anksiozna-shto-ako-deteto-mi-padne-shto-ako-se-zadavi-shto-ako-mu-go-skrshat-srceto-01.jpg

Хелен Смит е мајка која отворено проговори за тешката страна на мајчинството, односно за постојаната анксиозност.

„Порано не бев анксиозна. Само безгрижно излегував од дома единствено со мислата дали ќе врне и треба да земам чадор. Но, откако добив дете излегувањето од дома ми бара огромен напор. Ми предизвикува ниво на анксиозност како да треба да се лансирам на месечината.

Колку повеќе се доближувам во вратата за да излезам ме мачат прашањата: „Дали е гладен, што ако некој му се искашла во фаца и му пренесе бактерии, што ако некој несовесен возач нè удри додека со количката ја преминувам улицата?“. Никој не ме предупреди дека мајчинството го носи ова.

Сите ме предупредуваа колку е тешко породувањето и доењето, но никој не ме предупреди за анксиозноста која ќе се роди во мене од мигот кога за првпат ќе го фатам моето новороденче во раце. Секогаш гледам потенцијална опасност и го предвидувам најлошото можно сценарио.

Дали спиеше доволно, дали е добро врзан во количката, дали има циркулација во нозете, дали ќе си ја заглави раката во количката и ќе си ја скрши вадејќи ја? И ова ме истоштува комплетно.

Постојано читам статии како да ги намалам ризиците околу моето дете. Веќе не можам да се концентрирам на разговорите со пријателите затоа што премногу сум зафатена набљудувајќи го моето дете што прави. Додека тие ми зборат за новата работа, јас сакам да им вреснам дали не гледаат дека моето дете може да го изеде куче во паркот. Мора да станам, не можам повеќе да седам и да ги слушам.

majka-sum-i-postojano-sum-anksiozna-shto-ako-deteto-mi-padne-shto-ako-se-zadavi-shto-ako-mu-go-skrshat-srceto-02.jpegХелен Смит

И кога не се грижам за тоа што може да го убие, се грижам за неговиот развој и што смее, а што не смее да прави според книгите со упатства за бебиња.

Прашањата во главата никогаш не ми сопираат. Дали е премал за годините? Дали му се студени стапалата? Дали таа играчка е соодветна за него?

Се надевав дека вака ќе се чувствувам само кога тој е многу мал и ранлив и морам да го штитам од надворешниот свет. Но, како расте и како се зголемуваат неговите интеракции со надворешниот свет, така се зголемуваат и ризиците. Наскоро ќе јаде тврда храна, па може да се удави. Потоа ќе оди во училиште и може да се степа со друго дете. Еден ден ќе се вљуби и ќе му го скршат срцето.

Мора да прифатам дека анксиозноста е нормален дел од родителството и дека е нешто кое никогаш нема комплетно да ме напушти. После сè, мојата мајка сè уште ме потсетува да ставам шал кога е студено. Само морам малку да се опуштам.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg