Го изгубила партнерот за време на бременоста, сега ја носи ќерка им на неговите омилени места
Ели и Џо биле совршен пар и по 4 години заедно го очекувале нивното прво дете и планирале заедничка иднина.
На скенот во 20-тата седмица од бременоста откриле кој е полот на детето, избрале име и го барале совршениот семеен дом за нив.
Џо дури ѝ купил фустанче на неговата ќерка, која го носи до денес.
Но, само 2 седмици по скенот и 3 месеци пред да се породи Ели, животот на Џо трагично прекинал и сега Ели живее како самохрана мајка, која се труди на секој можен начин да остане прибрана за својата ќерка.
На 23-годишната Ели последните 3 месеци од бременоста ѝ биле хорор затоа што само сакала да плаче и вреска од тага и бес што ја изгубила љубовта на нејзиниот живот, но морала да остане смирена за да не и наштети на нивната неродена ќерка.
„Несигурноста околу иднината ми ја распаруваше душата. Бев физички и ментално истоштена, но морав да останам силна, поради нашата принцеза, како што ја нарекуваше Џо“, изјави Ели.
Таа откри дека Џо бил пресреќен што ќе основаат семејство и идејата дека ќе има дете му давала смисла на животот.
Ќерката Џозефина била родена во јуни, а Ели се обидува на секој можен начин да ги задржи живи спомените за Џо, па така ја носи нивната ќерка на места кои му биле омилени. Ели и Џо посетиле заедно многу места меѓу кои Дизниленд во Париз, Хрватска, Италија и Грција и сега Ели сака да ја однесе на сите нив Џозефина и да креира специјални фотографии на местата каде што некогаш Ели позирала со Џо.
Дизниленд им била првата станица и Ели вели дека тоа имало терапевтско дејство за неа.
„Сакав со мојата ќерка да стојам на местото каде што стоев со нејзиниот татко и имав неверојатно среќни мигови“, изјави таа.
Вели дека нејзината ќерка ѝ е благослов и дека нејзиниот сакан Џо на некој начин продолжува да живее преку неа.
Искуствата од патувањата Ели ќе си споделува на Инстаграм.
С. С. | Црнобело