Фотка од татко што му менува пелена на своето дете во јавен тоалет стана вирален хит
Дали сопствениците на локалите прават сè за да им го олеснат престојот на луѓето со деца кај нив?
Донте Палмер (31) е татко од Флорида. На една фотографија што се прошири вирално тој клекнат му менува пелена на своето дете во јавен тоалет ги руши стереотипите и порачува дека и во машките тоалети дека да има простор за пресоблекување на деца, а не само во женските.
Тој вели дека ова му станало рутина и дека тоа се гледа на лицето на неговиот син. На детето дури му е комфорно затоа што е навикнато на ова, но него му е навистина тешко и проблемот мора да биде решен.
Инаку, Палмер е татко на три деца 12, 7 и 1 година и вели локалите конечно треба да обезбедат услови за да им го олеснат животот на родителите.
Неговата Инстаграм објава:
С. С. | Црнобело