Сакате да израснете среќни деца? За почеток, мора да ги научите што е несреќа и незадоволство

Што најмногу посакувате за своите деца? „Да бидат среќни“ е најчестиот одговор.

Sakate-da-izrasnete-srekni-deca-01.jpg

Желбата да усреќиме нашите деца постојано, 24 часа во денот, 7 дена во неделата, 365 дена во годината прво е сосема невозможна, а второ безумна.

Кога очајно се обидуваме да ги направиме децата среќни по секоја цена создаваме нежни, кршливи и парадоксално – несреќни деца и тинејџери.

Само помислете на оние деца кои им се обраќаат на родителите со некој вид на заповед – „Сакам сега!“, а родителот ја губи главата во обидот да ја исполни желбата.

Колку повеќе „играте“ онака како што децата ви „свират“, толку повеќе нивните тантруми ескалираат.

Во што е тајната? Со цел вашите дечиња да бидат среќни, мора да ги научите да го преживеат периодот на „несреќа“. Наместо да ги криете под стаклено ѕвоно од емоциите како разочарување, бес, незадоволство, фрустрација, помогнете им да се соочат со истите.

Само преку една генерација, односот со децата се смени за 180 степени. „Оди во твојата соба, затоа што јас реков така!“, одеднаш се трансформираше во – „Не сакаш во кревет? Ајде да зборуваме што те мачи околу 2 часа, а потоа јас ќе легнам до тебе и нема да станам додека мирно не заспиеш“.

Никогаш не е прерано да ги научите децата како да се справуваат со своите чувства, бидејќи бебињата имаат т.н. огледални неврони во мозокот. Тие го копираат нашето однесување и на тој начин го обликуваат сопственото.

Кога родителите успешно се соочуваат со емоциите пред своите малечки, тие им помагаат уште од најмали нозе да воспостават модел на позитивно справување со емоциите.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg